Согласно изградените стандарди на иновативна компанија која ги следи технолоштките трендови, Кроациа Осигурување – Живот ја промовираше својата нова веб страна.
Веб страницата претставува суштинска промена на концептот на презентација на сите производи, проекти, активности, настани, документи, информации, а истата е во согласност со воспоставените стандарди на Групацијата Croatia Osiguranje.
![](Gis/Upload/Novosti/слика%20за%20нова%20веб.png)
Основната идеја во креирањето на новата web страна беше да го усовршиме комуницирањето со сите наши Корисници. Креиравме web страна која пласира јасни, прецизни, транспарентни и визуелни информации, притоа истовремено нудејќи техничка можност за следење на состојбата на полисите, како и можност за on line плаќање – велат од компанијата.
Оваа веб страна овозможува постојано да бидете во тек со сите активности и проекти кои ги превзема Кроациа Осигурување – Живот, како и да се запознаете со осигурителна програма на водечката осигуритрлна компанија за животно осигурување во земјава. Дополнително, веб страницата нуди можност за индивидуални пресметки за осигурување согласно Вашите потреби и можности, можност да аплицирате за осигурување, како и да се запознаете со можностите за вработување.
Web страницата Ви овозможува од удобноста на Вашите домови преку неколку клика да:
Од компанијата очекуваат новиот дизајн и концепт на web страната да наиде на позитивни реакции од страна на постојните и потенцијалните осигуреници. Изјавувајќи дека главна цел е да обезбедат побрз, поквалитетен и интерактивен проток на информациите, повикуваат на активно следење на веб страната и достава на предлози и барања преку комуникациските можности кои Ви ги нуди истата.
Побрзајте и кликнете на www.cro.mk