Дали сте подготвени за УТРЕ?

Круг на Животот преставува производ кој е креиран со ниско прилагодена премија да обезбеди доволно парични средства за сите ризици кои го демнат последното животно доба.

За само 3 евра месечно обезбедувате финансиска сигурност за своите најмили во ситуација кога финансиите се последната работа за која тие би требало да размислуваат. Станува збор за полиса за доживотно осигурување која за само 3 евра месечно овозможува финасиска сигурност при осигурен случај со минимална месечна премија.

ПРИДОБИВКИ: 

  • Финансиска сигурност за најмилите;
  • Заштита на семејството во случај да го изгубат главниот финансиски извор;
  • Со прилагодена ниска премија обезбедувате максимална финансиска заштита;
  • Доживотно осигурување.

КРУГ НА ЖИВОТОТ - ДОЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ ВО СЛУЧАЈ НА СМРТ

Вид на осигурување на живот 

Доживотно осигурување само во случај на смрт

Кој може да биде осигуреник 

Лица со пристапна старост од 18 до 70 години, до 75 години да заврши уплатата

Траење на осигурувањето 

Доживотно

Износ на договорена осигурана сума 

Зависи од: староста на осигуреникот и износот на премија

Начин на плаќање 

месечно / квартално / полугодишно / годишно

Траење на уплатата од 5 до 20 год.

Речник

Понуда е предлог за склучување на договор за осигурување на живот и се поднесува во пишана форма на образец на осигурувачот;
Понудувач е лице кое поднесува пишана понуда на осигурувачот;
Договорувач е лице кое склучува договор за осигурување со осигурувачот. Ако се склучува взаемно осигурување на две лица, договорувач на осигурувањето мора да биде еден од осигурениците;
Осигуреник е лицето на чиј живот се однесува осигурувањето и од чие доживување или смрт зависи исплатата на договорената осигурена сума;
Корисник на осигурувањето е лицето во чија корист се договара осигурувањето и на кое му се исплатува договорената осигурена сума;
Договорена осигурена сума е обврска на осигурувачот утврдена со полисата на осигурувањето;
Полиса е исправа за склучениот договор за осигурување на живот;
Премија: Паричен износ кој договорувачот е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договорот за осигурување. Минималната годишна премија изнесува 180 ЕВРА.
Добивка: Износ кој се додава на осигурената сума, кој се исплатува по настанување на осигурен случај, а осигурениците со тоа учествуваат во добивката на осигурителното друштво остварена на подрачјето на осигурувањата на живот.
Математичка резерва - осигурувачот е законски должен да формира фонд - математичка резерва во кој се прибираат средства од уплатената премија на сите осигуреници. По правило се пресметува посебно за секој договор за осигурување и така собраните средства се уплатуваат на посебна сметка. Се пресметува врз основа на утврден процент од уплатените премии, со користење на соодветни актуарски проценки. Математичката резерва е строго заштитена со законски одредби, како во однос на пресметката така и во однос на вложувањето.