Пазарот за животно осигурување во Р. Македонија официјално започнува да се развива во 2005 година, со основање на првата Компанија за осигурување на живот во земјава - Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје. Во период од 19 години компанијата бележи позитивен тренд на работа и ја јакне својата пазарна позиција. Преку постојаното воведување на иновации, нови производи, воспоставување на супериорен систем за грижа на корисници, и праведен и брз систем за решавање на штети, Кроациа Осигурување – Живот се издвои како компанија која за македонските граѓани претставува синоним за сигурност и квалитет.
Компанијата бележи перманентен раст на осигурителната премија за животно осигурување низ годините.
Брендот кој го носиме е добро препознатлив повеќе од 140 години, што претставува обврска за постојана инвестиција во квалитетот на производте и услугите, но исто така и во квалитетот на работењето. Кроациа Осигурување – Живот направи значителен чекор кон официјализирање на високите стандарди за квалитет под кои работи, со што стана првата финансиска институција во Р. Македонија која се сертифицираше под новата верзија на ISO стандардот за квалитет и се стекна со сертификат ISO 9001:2015 одобрен од Lloyd Registar, како и прва финансиска институција во Р. Македонија со добиен меѓународен сертификат за воспоставен систем за задоволство на корисниците согласно стандардот ISO 10002:2018. Ова претставува уште една значајна придобивка за осигурениците, од аспект на добивање на прецизна, квалитетна и стандардизирана услуга.
Во период од 19 години Кроациа Осигурување - Живот перманентно бележи раст и развој, на пазарот за животно осигурување секојдневно се стреми кон остварување на високо поставените цели и посакуваните резултати. Вложувајќи многу труд, знаење и ентузијазам изминативе години континуирано се залага за висок квалитет на осигурителни услуги, но и за препознатливост на брендот Кроациа Осигурување – Живот на македонскиот пазар. Денес, Кроациа Осигурување – Живот е стабилна осигурителна компанија, компанија Лидер на пазарот за животно осигурување која сеуште се издвојува како единствена ISO сертифицирана осигурителна компанија во Р. Македонија.
Гарантирајќи сигурност на вложените средства, овозможувајќи најатрактивна понуда на осигурителни производи, Кроациа Осигурување – Живот се издвои како Компанија во која македонските граѓани имаат доверба и без колебање ја доверуваат својата сигурност и сигурноста на своите најмили.