Менаџерско осигурување на живот

Менаџерското осигурување ја зајакнува припадноста на клучните кадри на компанијата, стимулира лојалност и посветеност на целите на компанијата, а во исто време нуди врвна осигурителна заштита и покритие.

Една компанија со осигурување на својот клучен кадар ја потврдува нивната стручност и улогата што ја имаат тие во компанијата, покажува дека го вреднува трудот што го вложуваат, го цени нивниот потенцијал и свесна е за нивната улога и влијанието врз деловните резултати на компанијата. 

ПРИДОБИВКИ:

- алатка за зголемување на лојалноста и задоволството на менаџерите,

- бенефит во форма на финансиски бонус,

- современ начин за наградување на клучните кадри во компанијата,

- ја зголемува лојалноста и посветеноста  кон компанијата

- начин за намалување на одливот на вработените и нивно заминување во конкурентни бизниси.

КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Средствата кои се вложуваат се повратни;
  • Се опфаќаат условно здрави лица со пристапна старост до 65 години;
  • Зголемено осигурително покритие до 75 години;
  • Можност да се добие Заем;
  • Можност да се интегрира во компензирачките пакети на компанијата како начин за наградување на квалитетните и компетентните човечки ресурси и задржување на талентите.

ОСИГУРЕНИ СУМИ:

  • Осигурена сума за доживување;
  • Осигурена сума во случај на смрт од болест;
  • Осигурена сума во случај на смрт поради незгода;
  • Осигурена сума во случај на траен инвалидитет поради несреќен случај;
  • Осигурена сума во случај на 100% инвалидитет;
  • Дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај;
  • Осигурена сума во случај на тешко болни состојби.

КОРИСНИЦИ:

  • Корисник за доживување;
  • Корисник во случај на смрт.

Компанијата ги одредува корисниците!

Речник

Понуда е предлог за склучување на договор за осигурување на живот и се поднесува во пишана форма на образец на осигурувачот;
Понудувач е лице кое поднесува пишана понуда на осигурувачот;
Договорувач е лице кое склучува договор за осигурување со осигурувачот. Ако се склучува взаемно осигурување на две лица, договорувач на осигурувањето мора да биде еден од осигурениците;
Осигуреник е лицето на чиј живот се однесува осигурувањето и од чие доживување или смрт зависи исплатата на договорената осигурена сума;
Корисник на осигурувањето е лицето во чија корист се договара осигурувањето и на кое му се исплатува договорената осигурена сума;
Договорена осигурена сума е обврска на осигурувачот утврдена со полисата на осигурувањето;
Полиса е исправа за склучениот договор за осигурување на живот;
Премија: Паричен износ кој договорувачот е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договорот за осигурување. Минималната годишна премија изнесува 180 ЕВРА.
Добивка: Износ кој се додава на осигурената сума, кој се исплатува по настанување на осигурен случај, а осигурениците со тоа учествуваат во добивката на осигурителното друштво остварена на подрачјето на осигурувањата на живот.
Математичка резерва - осигурувачот е законски должен да формира фонд - математичка резерва во кој се прибираат средства од уплатената премија на сите осигуреници. По правило се пресметува посебно за секој договор за осигурување и така собраните средства се уплатуваат на посебна сметка. Се пресметува врз основа на утврден процент од уплатените премии, со користење на соодветни актуарски проценки. Математичката резерва е строго заштитена со законски одредби, како во однос на пресметката така и во однос на вложувањето.