Зошто треба да се осигураме?

Спокој на умот

Знаејќи дека вашите најблиски се згрижени

Финансиска сигурност

Обезбедување на финансиска иднина на вашето семејство

Градење на наследство

Остави нешто значајно зад себе

Нашите Осигурувања

Изберете го осигурувањето кое најдобро одговара на Вашите потреби

Индивидуално Осигурување на Живот

Индивидуалното осигурување на живот обезбедува финансиска сигурност за Вас и Вашето семејство, со можност за штедење и создавање капитал за иднината. Нуди флексибилни услови, дополнителни осигурителни покритија и заштита при различни животни ризици.

Дознај повеќе
Коко Детско Штедно Осигурување

Коко Детско штедно осигурување од Кроациа Осигурување Живот нуди двојна заштита за вашето дете, осигурување и штедење со девизна клаузула, за деца од 1 месец до 13 години, со осигурена сума до 30.000 евра.

Дознај повеќе
Коко Инвест Осигурување Живот

КОКО Инвест е детско животно осигурување кое обединува осигурување, штедење и инвестирање во еден производ. Овозможува финансиска сигурност за детето, создавање средства за неговата иднина и дополнителна заштита преку повеќе осигурителни покритија.

Дознај повеќе
Круг на Животот

Круг на животот е производ за животно осигурување од Кроациа Осигурување Живот, наменет за лица од 18 до 70 години, со доживотно покритие и флексибилни опции за плаќање. Нуди финансиска заштита за семејството, без земање предвид на здравствената состојба на осигуреникот.

Дознај повеќе
Cro Инвест

Нуди можност за атрактивен принос преку диверзифицирано портфолио, со осигурително покритие во случај на смрт од болест, незгода или сообраќајна незгода.

Дознај повеќе
Ризико ПЛУС Осигурување

Обезбедува финансиска заштита на семејството во случај на смрт, а особено е препорачливо за кредитокорисници, со можност за додавање дополнителни осигурувања за незгода, болест и операции.

Дознај повеќе

Задоволни клиенти

Што велат нашите клиенти за нас

Како амбициозен млад уметник со јасно поставени цели ми беше повеќе од јасно дека за да успеам потребно е мојот сон да го претворам во план. Еден дел од тој план е токму одлуката за сигурност и заштеда преку полисата за животно осигурување на Кроациа Осигурување –Живот, со што им ја доверив мојата сигурност на најдобрите.

Елена Ристеска
Елена Ристеска

Осигуреник

Кроациа ја доби мојата доверба пред повеќе од 6 години и сметам дека тоа беше вистинска одлука во вистински момент. Вистинско олеснување ми беше брзата исплата на осигурената сума од страна на Кроациа. Убаво е кога уживаме во убавините кои ни ги носи животот, но треба да се подготвиме и за оние помалку убави моменти.

Јулијанса Ризаова
Јулијанса Ризаова

Осигуреник

Како родител имав потреба и одговорност да го осигурам сопствениот живот пред се заради своето семејство, а потоа и заради себе си. Во Кроациа Oсигурување - Живот препознав стабилен, одговорен и сериозен партнер со кој сум посигурна во својата иднина и иднината на моите најблиски.

Ирена Спировска
Ирена Спировска

Осигуреник

Со испраќање на Вашите податоци се согласувате истите да бидат обработувани од КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за осигурување на живот Скопје, ЕМБС 5920922 и ЕДБ 4030004526504 како и да се користат од страна на осигурителната компанија за маркетинг, промотивни цели и други известувања за подобрување на услугите на осигурителното друштво. Оваа согласност за обработка, користење на лични податоци и вршење на директен маркетинг од страна на Осигурителното Друштво, може без дополнителни трошоци да ја повлечете во секој момент, со потпишување и испраќање на Изјава за повлекување на согласност за обработка на лични податоци и вршење на директен маркетинг.

За нас

Кроациа Осигурување - Живот АД е водечка компанија за животно осигурување во Македонија, дел од Група Кроациа Осигурување. Со повеќе од 20 години искуство, нудиме сеопфатни решенија за животно и здравствено осигурување, пензиски фондови и инвестициски производи.

Нашата мисија е да обезбедиме финансиска сигурност за вас и вашето семејство во секоја животна ситуација.

Дознај повеќе за нас

Заштитете го вашето семејство уште денес

Контактирајте не и наш советник ќе Ви помогне да го изберете најдоброто осигурување.