Регистар на друштва за застапување во осигурување

РБСДруштвo за застапување во осигурувањеАдресаТелефонwebБрој на решение/дозвола за вршење работи на застапување во осигурувањетоДатум на издавање на дозволатаОдговорно лице
Д3001

Акционерско друштво за застапување во осигурувањето ВДС МАГМА АД

Даме Груев бр. 5, Скопје 023226033 077543210 12-9620/2 24.03.2008 Душица Василева
Д3003 Друштво за застапување во осигурувањето Актива Осигурување раскинат договор 14.11.2012 Партизански Одреди бр.80 лок 19 02/3250-782 12-40357/2 10.11.2008 Бранкица Спасеска Чадиноска
Друштво за застапување во осигурувањето Л.И.Ф.Е. Македонија АД Скопје Ул. Иван Козаров бр.2 Кисела Вода-Скопје 02/2773-054 - УП 19-1-376 04.08.2016 Наташа Трајковска

Речник

Понуда е предлог за склучување на договор за осигурување на живот и се поднесува во пишана форма на образец на осигурувачот;
Понудувач е лице кое поднесува пишана понуда на осигурувачот;
Договорувач е лице кое склучува договор за осигурување со осигурувачот. Ако се склучува взаемно осигурување на две лица, договорувач на осигурувањето мора да биде еден од осигурениците;
Осигуреник е лицето на чиј живот се однесува осигурувањето и од чие доживување или смрт зависи исплатата на договорената осигурена сума;
Корисник на осигурувањето е лицето во чија корист се договара осигурувањето и на кое му се исплатува договорената осигурена сума;
Договорена осигурена сума е обврска на осигурувачот утврдена со полисата на осигурувањето;
Полиса е исправа за склучениот договор за осигурување на живот;
Премија: Паричен износ кој договорувачот е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договорот за осигурување. Минималната годишна премија изнесува 180 ЕВРА.
Добивка: Износ кој се додава на осигурената сума, кој се исплатува по настанување на осигурен случај, а осигурениците со тоа учествуваат во добивката на осигурителното друштво остварена на подрачјето на осигурувањата на живот.
Математичка резерва - осигурувачот е законски должен да формира фонд - математичка резерва во кој се прибираат средства од уплатената премија на сите осигуреници. По правило се пресметува посебно за секој договор за осигурување и така собраните средства се уплатуваат на посебна сметка. Се пресметува врз основа на утврден процент од уплатените премии, со користење на соодветни актуарски проценки. Математичката резерва е строго заштитена со законски одредби, како во однос на пресметката така и во однос на вложувањето.