Croatia osiguranje

Со особена чест известуваме дека сите КРОАЦИА ВИП осигуреници преку правото на користење на Croatia GOLD картичка за лојалност се стекнуваат со користење на 20% попуст во сите хотели на групацијата Маистра (maistra.hr), во Ровињ и Врсар.  

Покрај природните убавини со кои располагаат овие градови, групацијата Маистра се потрудила овие дестинации да ги претвори во вистинско место за уживање.

Со Croatia GOLD картичката овие бајковити дестинации и луксузни хотели Ви се достапни и Вам.

Попустот кој го одобрува групацијата Маистра за Вас како наш ВИП осигуреник можете да го искористите доколку резервацијата за хотелско сместување ја направите преку веб страницата www.maistra.hr, при што актуелната цена за хотелско сместување ќе биде намалена за 20%. 

Наведениот 20% попуст можете да го искористите само доколку при резервација го наведете Вашиот единствен промо код

Резервацијата можете да ја извршите и преку Одделот за резарвации на Групацијата Маистра на телефон +385 52 800-250 (секој ден од 08 -19 часот) или преку mail на info@maistra.hr, при што за користење на наведениот 20% попуст повторно ќе Ви биде потребен Вашиот ПРОМО КОД. 

За издавање на Вашиот ПРОМО КОД Ве молиме испратете mail на contact@cro.mk со содржина: 

  • ПРОМО КОД MAISTRA LOYALTY ПОПУСТ 

притоа наведете ги следните податоци: 

  • Име и презиме 
  • Број на полиса

Нашите оператори ќе Ви испратат повратен mail кој ќе го содржи Вашиот ПРОМО КОД. 

Уживајте во престојот!