Кај нас Вашата лојалност ВРЕДИ ПОВЕЌЕ!
Обезбедете низа поволности со картичката за лојалност на Кроациа Осигурување-Живот
Станувајќи осигуреник и корисник на полиса за животно осигурување во Кроациа осигурување - Живот, се стекнувате со право на користење на КРОАЦИА КАРТИЧКАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ која ви овозможува попуст при посета на ресторани, кафулиња, салони за убавина, фитнес центри, училишта за странски јазици, продавници за детски играчки, стоматолошки ординации, парфимерии, туристички агенции итн.
Услови за користење на картичката за лојалнпост:
- право на користење на картичката за лојалност имаат сите полнолетни Осигуреници на Кроациа Осигурување - Живот;
- Со приложување на Вашата картичка за лојалност користите однапред дефиниран попуст на локациите објавени овде.
- Вашата картичка за лојалност потребно е да ја приложите пред да Ви биде издадена фискалната сметка;
- Во рестораните и кафулињата фискалната сметка се евидентира веднаш, затоа со самата нарачка напоменете дека сте корисник на Кроациа картичката за лојалност;
- Заради потврдување на сопственоста на картичката за лојалност нашите соработници имаат право да Ви побараат да приложите лична карта;
- Попустот не важи за производи и услуги кои се веќе на промотивен попуст кои го одобрува самата компанија.
Доколку, сеуште не сте ја добиле Вашата картичка за лојалност Ве молиме истата нарачајте ја преку Вашиот осигурителен брокер или директно на info@cro.mk.
20% ПОПУСТ ВО ХОТЕЛИТЕ НА ГРУПАЦИЈАТА МАИСТРА
ВО РОВИЊ, ВРСАР И ДУБРОВНИК (www.maistra.com)
Речник
Понуда е предлог за склучување на договор за осигурување на живот и се поднесува во пишана форма на образец на осигурувачот;
Понудувач е лице кое поднесува пишана понуда на осигурувачот;
Договорувач е лице кое склучува договор за осигурување со осигурувачот. Ако се склучува взаемно осигурување на две лица, договорувач на осигурувањето мора да биде еден од осигурениците;
Осигуреник е лицето на чиј живот се однесува осигурувањето и од чие доживување или смрт зависи исплатата на договорената осигурена сума;
Корисник на осигурувањето е лицето во чија корист се договара осигурувањето и на кое му се исплатува договорената осигурена сума;
Договорена осигурена сума е обврска на осигурувачот утврдена со полисата на осигурувањето;
Полиса е исправа за склучениот договор за осигурување на живот;
Премија: Паричен износ кој договорувачот е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договорот за осигурување. Минималната годишна премија изнесува 180 ЕВРА.
Добивка: Износ кој се додава на осигурената сума, кој се исплатува по настанување на осигурен случај, а осигурениците со тоа учествуваат во добивката на осигурителното друштво остварена на подрачјето на осигурувањата на живот.
Математичка резерва - осигурувачот е законски должен да формира фонд - математичка резерва во кој се прибираат средства од уплатената премија на сите осигуреници. По правило се пресметува посебно за секој договор за осигурување и така собраните средства се уплатуваат на посебна сметка. Се пресметува врз основа на утврден процент од уплатените премии, со користење на соодветни актуарски проценки. Математичката резерва е строго заштитена со законски одредби, како во однос на пресметката така и во однос на вложувањето.