Поставете прашање

Често поставувани прашања:

  1. Зошто да не штедам во Банка?

    Точно е дека во моментот каматите на штедните влогови во банките се поголеми од минатогодишната припишана добивка која ја додели Кроациа Осигурување - Живот. Но, што се случува со вложените средства доколку настапи смрт на штедачот/осигуреникот? Доколку се штеди во банка, законските наследници на штедачот би ги добиле исклучиво средствата кои се вложени до тој момент и тоа по комплицирани и често долготрајни судски постапки. Доколку се штеди во Кроациа Осигурување – Живот , само по една единствена уплата на премија, во случај на смрт, во најкус можен рок осигурителната компанија ќе исплати сума како да е плаќано 30 години на корисниците кои се наведени во полисата, доколку полисата е со траење од 30 години. Дали ја забележувате разликата која ја носи осигурителната компонента?

  2. Колкава е каматата што ќе ми ја исплатите?

    Камата како поим не постои во осигурителниот речник и е заменета со поимот припишана добивка. Кроациа Осигурување - Живот секоја година припишува добивка чија висина зависи од работењето на самата компанија, налик на дивиденда. Колку поуспешна година за компанијата, толку повисока припишана добивка за осигурениците. Припишаната добивка не е гарантирана.

  3. Што е тоа премија?

    Премија е износот(влогот) кој го одвојувате(штедите) за Вашата полиса. Премијата по дефиниција е цена на ризикот.

  4. Зошто осигурување на живот?

    Осигурувањето на живот не е за Вас. Претставува заштита на оние кои зависат од Вас. Тоа е најчест облик на осигурување и штедење во развиените земји. Тоа е договорен однос помеѓу осигурителната компанија и осигуреникот со кој се регулираат начинот на исплата на надомест во случај на доживување, штетен настан, вклучувајќи повреда или смрт на осигуреното лице.

  5. Колку е минимумот кој смеам да го плаќам?

    Минималната годишна премија изнесува 180 еур. во денарска противредност, по среден пресметковен курс на НБ на Р.Македонија.

  6. Смеам ли да плаќам во Евра?

    Плаќањето на премијата се врши исклучиво во денари.

  7. Дали може полисата да ја склучам со траење од 50 години?

    Минималното траење на полисата за Осигурување на Живот е 10 години. Максималното траење на полисата за Осигурување на Живот е 30 години. За жал, неможе да се склучи траење на осигурувањето надвор од овие рамки.

  8. Кои ризици (осигурени суми) ги опфаќа полисата?

    Осигурување на Живот Осигурена сума за доживување ; Осигурена сума во случај на смрт поради болест ; Осигурена сума во случај на смрт поради незгода ; Привремена осигурителна заштита. Дополнително осигурување од последици на несреќен случај Осигурена сума во случај на траен инвалидитет од последици на несреќен случај ; Осигурена сума во случај на 100% инвалидитет ; Дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај. Дополнително осигурување од тешко болна состојба

  9. Имам 50 години. Можам ли да го осигурам својот живот?

    Сите условно здрави лица со пристапна старост од 14 до 65 години на старост, можат да склучат договор за осигурување на живот со траење од 10 до 30 години. Напомена: Со полисата за осигурување Вашето осигурително покритие завршува на 75 годишна возраст.

  10. Со полисата, само Животот ми е осигурен или...?

    Со полисата за осигурување на живот можете да договорите и дополнително осигурување од последици на несреќен случај, кое Ви нуди дополнителни поволности, осигурени суми во случај на траен инвалидитет, осигурени суми во случај за 100% инвалидитет, како и дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај. дополнително осигурвање од тшко болна состојба.

  11. Што друго можам да правам со полисата?

    Полисата за осигурување на живот е хартија од вредност која гарантира исплата на договорената сума за доживување зголемена за припишана добивка. Дополнително имате: Можност да се винкулира во корист на банка или во корист на осигурувачот во висина на откупна вредност на полисата. Можност да добиете заем со извесен процент на камата во висина на откупната вредност на полисата. Полисата може да се даде како залог кај одреден доверител... ...под услов да се исполнети условите за откуп и капитализација од Договорот за осигурување склучено и до тогаш премијата да е платена во целост

  12. Каде можам да склучам полиса?

    Продажбата на полисите се одвива преку повеќе канали на продажба: Сектор директна продажба, Дирекција на Кроациа Осигурување – Живот; Надворешни застапници; Брокерски куќи за осигурување; Агенции за осигурување и друштва за застапување во осигурување.

  13. Што ако пропадне компанијата? Колку се сигурни вложените средства?

    Интересно прашање :). Креирани се повеќе механизми за да се обезбеди сигурноста на вложените средства. „Врзувањето“ на средствата со девизна клаузула. Сите осигурени суми се во Евра. Реосигурувањето – Кроациа Осигурување – Живот ги реосигурува сите осигурени суми над максималната поддршка во CROATIA Lloyd. Законските прописи - Согласно “Законот за супервизија во осигурување“, Кроациа Осигурување – Живот единствено смее да ги пласира прибраните средства во неризични пласмани (државни обврзници, државни записи и депозити во реномирани банки, исклучиво во нашата држава). Кроациа Осигурување – Живот согласно законот за супервизија во осигурувањето најголемиот дел од вложените средства ги одвојува на засебна сметка за математичка резервација.

  14. Што ако неможам/несакам да продолжам плаќам?

    Кроациа Осигурување – Живот нуди повеќе опции за да излезе во пресрет на своите осигуреници. Намалување на износот на премијата Менување на динамиката на плаќање Мирување на полисата Заем Откуп на полисата Капитализација на полисата Во зависност од желбата на осигуреникот, по претходна консултација со претставник на Кроациа Осигурување – Живот , се избира една од понудените опции.

  15. Што ќе добијам ако скршам нога?

    Едно од најчестите прашања кои ги поставуваат потенцијалните осигуреници. Во секој случај не би можеле да шпекулираме со исплата на конкретни бидејќи тие директно зависат од висината на осигурената сума и степенот на штета. Процедура: По настанатата незгода, се врши пријава на штетата во нашата компанија. Се поднесува целокупната лекарска документација. Наша обврска е да ја спроведеме документацијата до независно стручно лице – Доктор цензор. Докторот-цензор одредува во кој процент и степен е настаната повреда и согласно стручното мислење Кроациа Осигурување – Живот ја исплатува штетата.

  16. Член - Марина: Кои документи треба да се достават во случај на смрт на осигурениот?

    Одговор од Кроациа Осигурување - Живот: Почитувана, Пред се дозволете да изразиме сочуство за загубата. Во случај на смрт на осигуреник потребно е да се достави следната докумантација: - Пријава на штета - Оригинална полиса - Потврда за смрт и лекарски извештај за причината за смрт - Медицинска документација и историја на болест - Комплет здравствен картон или копија од здравствен картон заверена на нотар - Комплет здравствена книшка или копија од здравствена книшка заверена на нотар - Извод од матична книга на умрени - Трансакциона сметка на Корисникот на осигурувањето Доколку станува збор за смрт од несреќен случај се наведува причината за несреќета, или доколку се работи за сообраќајна незгода се поднесува и полициски записник. Поздрав.

  17. Член - Ивица: Здраво ме интересира колку би требало да плаќам вкупно годишно за Индивидуално осигурување за два живота.Бидејки на калкулаторот за пресметки минималниот влог е 50евра , а на друго место ви е пишано 180евра.

    Одговор од Кроациа Осигурување - Живот: Почитуван, Минималната премија за Индивидуално осигурување, како и за Взаемното осигурување е 180 евра. На секое поле поединечно на калкулаторот имате објаснување. Конкретно за Взаемното осигурување гласи: Изработете информативна пресметка за Взаемно осигурување или Индивидуално осигурување за два живота За лица од 14 – 65 годишна возраст Минимална годишна премија 180 Евра Со можност за вклучување на дополнително осигурување од несреќен случај и тешко болни состојби. Напомена: Во пресметките не е прикажана добивката која ја припишува Кроациа Осигурување – Живот бидејќи истата е варијабилна. За дополнителни информации стоиме на располагање. Поздрав,

  18. Член - Лазо: Како да постанам Ваш застапник, бидејќи имам положено стручен испит за застапник во осигурувањето.

    Одговор од Кроациа Осигурување - Живот: Почитуван, Ви благодариме за пројавениот интерес да станете наш застапник. Соработката со Надворешни Застапници е една од стратешките определби на Кроациа Осигурување Живот. Ве молиме Вашата апликација испратете ја на m.stankovska@cro.mk и очекувајте да бидете контактирани. Благодариме!

  19. Член - Цветанка Ч.: Лани во ноември направивме полиси КОКО Осигурување за двете дечиња. Како да учествуваме во наградната игра за Дизниленд? Благодарам на одговорот.

    Одговор од Кроациа Осигурување - Живот: Почитувана, Во изборот за „Најсреќно дете“ имаа учество сите деца кои во текот на 2013 година станале наши осигуреници. Добитникот за 2013 година е објавен на нашете вен страница на линот овде. Ви благодариме на довербата!

  20. Член - Неда Т.: Јас сум Ваш клиент и ме интересира дали ако одлучам да се пораѓам во приватна болница со царски рез ми следува некој надоместок во Вашата компанија.

    Одговор од Кроациа Осигурување - Живот: Почитувана, Царскиот рез согласно условите кои работиме не се смета за осигурен случај. Меѓутоа, за идните мајки кои имаат склучено полиса за осигурување минимум шест месеци пред породувањето, Кроациа Осигурување - Живот доделува подарок - исплата на 2,5% од осигурената сума за секое новороденче. Се надоврзуваме на честитките!

  21. Член - ИВИЦА Ѓ.: Почитувани. Поседувам полиса во вашата компанија,па ме интересира како се добива КАРТИЧКАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ,т.е. услови под кои се користи.

    Одговор од Кроациа Осигурување - Живот: Почитуван, Пред се Ви благодариме на Вашата лојалност! Картичката за лојалност се изработува на барање на Осигуреникот, а истата се користи согласно следниве услови: - право на користење на картичката за лојалност имаат сите полнолетни Осигуреници на Кроациа Осигурување - Живот; - Со приложување на Вашата картичка за лојалност користите однапред дефиниран попуст на локациите објавени овде. - Вашата картичка за лојалност потребно е да ја приложите пред да Ви биде издадена фискалната сметка; - Заради потврдување на сопственоста на картичката за лојалност нашите соработници имаат право да Ви побараат да приложите лична карта; - Попустот не важи за производи и услуги кои се веќе на промотивен попуст кои го одобрува самата компанија. Доколу сте наш осигуреник, а сеуште не сте добиле картичка за лојалност Ве молиме пишете ни (име и презиме и бр. на полиса) на info@cro.mk. Ви благодариме!

  22. Член - Јасмина Н.: Ве молам ќе можете да ми објасните како може да се стане Ваш застапникм и што се е потребно, ви благодарам однапред.

    Одговор од Кроациа Осигурување - Живот: Почитувана, Ви благодариме за пројавениот интерес да станете наш застапник. Соработката со Надворешни Застапници е една од стратешките определби на Кроациа Осигурување Живот. Ве молиме Вашата апликација испратете ја на info@cro.mk одговорните лица ќе Ве контактираат. Благодариме!

  23. Член - Лидија К.: Имам Ваша полиса за осигурување на живот од 01.06.2008 годин. Бев жител на Кичево сега сум на Скопје. Како да го променам тој податок бидејќи таму стои адреса од Кичево. Многу поздрав

    Одговор од Кроациа Осигурување - Живот: Сите промени во полисата се пријавуваат преку формулатор Промени по полиса кој пополнет заедно со оригиналната полиса треба да го доставите во нашата Дирекција.

  24. Член - Елена Д.: Каде можам да го најдам формуларот за пракса за да пополнам? Бидејќи сум заинтересирана да аплицирам.

    Одговор од Кроациа Осигурување - Живот: Сите заинтересирани можат да ги испратат своите апликации на е-mail contact@cro.mk со назнака за ПРАКТИКАНТСКИ ПРОГРАМ.

  25. Член - Ненад П.: Држам ресторан во Тетово и би сакал на сите Ваши клиенти кои имаат полиса за животно осигурување да одобрам попуст во мојот ресторан. Однапред Благодарам.

    Одговор од Кроациа Осигурување - Живот: Почитуван Ненад, Ви благодариме за пројавениот интерес да станете наш соработник на проектот за Лојалност. Ќе бидете исконтактирани од одговорното лице. Сите заинтересирани обратете се на mail: s.merdzanovska@cro.mk

  26. Член - Ивана Г.: Ако станам Ваш застапник, дали платата се пресметува според бројот на продадени полиси или е однапред утврдена? Се работи за канцелариска работа или работа на терен? Благодарам.

    Одговор од Кроациа Осигурување - Живот: Нашите надворешни застапници се компензираат преку исплата на провизија за секоја склучена полиса за животно осигурување. За дополнителна мотивација на нашите застапници имаме подготвено одлични компензациски пакети и стимулативни награди.

  27. Како можам да подигнам заем и во колкав износ

    Следејќи ги потребите на Осигурениците Кроациа Осигурување овозможува подигнување на заем во висина на откупна вредност на полисата со годишна каматна стапка од 7%. Ви овозможуваме подигнување позајмица со винкулирање на Вашата полиса, и притоа сами да го одбирате периодот на отплата. Дополнително, сами го одредувате и износот на заемот, кој не може да биде повисок од откупната вредност на полисата. Заемот го одобруваме во рок од еден работен ден, а за негово одобрување потребно е да ја доставите следната документација: Оригинална полиса; Копија од трансакциска сметка; Изјава за винкулација на полиса заверена кај нотар; Барање за заем. За пресметка на пробен амортизационен план Ве молиме да не контактирате на телефон: 02/3215-883 локал 112, 108.

  28. Како може да ги следам моите уплати / како можам да се логирам на вашата апликација

    „My CRO Account“ e on line апликација преку која сите потребни информации Ви се многу подостапни и постојано имате увид за статусот на Вашата полиса. „My CRO Account“ апликацијата Ви овозможува да вршите on line плаќање на премијата за осигурување, а воедно овозможува и следење на: Доспеаност на рати, Дата и износ на извршени уплати, Вкупно уплатени средства, Анализа на припишана добивка, Извештај на вложувањата на средствата од капиталот и резервите на Кроациа Осигурување – Живот . До „My CRO Account“ апликацијата можете да пристапите преку интернет страната www.app.cro.mk и со Ваше регистрирање на истата, од удобноста на Вашиот дом можете да дојдете до сите за Вас неопходни информации. На овој начин постојано ќе бидете во тек со состојбата на Вашата полиса и Вашиот статус како наш Осигуреник.

  29. Кои промени можам да ги извршам со Барањето за исправка и промена по полиса ?

    Со пополнување и поднесување формуларот Барање за исправка и промена по полиса можете да извршите промена на: Податок за Договорувач на осигурување – со пополнување на поле 1. од формуларот; Податок за Корисник на осигурување - со пополнување на поле 2. од формуларот; Податоци за постоечкиот осигуреник – со пополнување на поле 3. од формуларот; Начин и инструмент на плаќање – со пополнување на поле 4. од гормуларот Во прилог на пополнетото и потпишаното Барање, задолжително доставете ја оригиналната полиса (освен во кога менувате начин и инструмент на плаќање). За сите дополнителни иформации Ве молиме да не контактирате на телефон: 02/3215-883 локал 108, 102.

  30. Молам за информација како да извршам уплата?

    Ви благодариме на укажаната доверба и Ве известуваме дека Вашите уплати можете да ги извршите на една од наведените сметки: Стопанска Банка – Скопје: 200001074639421, Халк Банка: 270000001091331, Стопанска Банка – Битола: 500000000787764, Уни Банка: 240020000325172, Комерцијална Банка: 300000002150817, Централна Кооперативна Банка: 320100005031682, НЛБ Тутунска Банка: 210059209220181, Охридска Банка: 530010100997691, Шпаркасе Банка: 250001002250089, Поштенска Банка: 360016010053549, ПроКредит Банка: 380106512601154, Алфа Банка: 280100104614270. При уплата задолжително во цел на дознака на налогот наведете го бројот на повикување на Вашата полиса, за следни уплати во бројот на повикување променете го само месецот на уплата.