Croatia_KB_Publikum_Invest

CRO ИНВЕСТ

Осигурување со врзување за цената на уделите на отворениот инвестициски фонд КБ Публикум-Балансиран управуван од КБ Публикум инвест АД Скопје

За какво осигурување станува збор?

Cro Invest („Осигурување“) е инвестициско осигурување на живот кај кое договорувачот го сноси ризикот на вложувањето каде што инвестицискиот дел од премијата, по намалувањето за трошокот на осигурителното покритие е директно врзана за цената на уделите на отворен инвестиционен фонд КБ Публикум-Балансиран управуван од КБ Публикум Инвест АД Скопје.

Премијата за осигурување се плаќа еднократно и се распределува процентуално:

- Ризико премија, дел наменет за осигурително покритие за случај на смрт во висина од 3,0% од бруто полисираната премија.

- Влезни трошоци за осигурување во висина од 2,0% од бруто полисираната премија.

- Премија за вложување, дел од премијата кој е наменет за купување на удел во фондот во висина од 95,0% од бруто полисираната премијa, го сочинува инвестициониот дел на премија, а се користи за врзување на цената на уделот на Инвестициониот фонд, наведен во полисата за осигурување.

Осигурителот за секој договорувач отвара и води посебна лична сметка на која се водат податоците за бројот и вредноста на купените удели.

Вложувачките цели на Фондот се сигурност, ликвидност, зачувување и раст на вредноста на уделиот преку инвестирање на имотот на Фондот во должнички и сопственички хартии од вредност и останати инструменти согласно законските прописи и ограничувањата на вложувањата наведени во Проспектот на Фондот.

Одлуката за вложување ја донесува искусен и професионален тим на КБ Публикум Инвест АД Скопје врз основа на фундаментални и технички анализи како и проценка на идните приходи и парични текови на одбраните фирми.

Бројот на удели кој што се вложува во инвестицискиот фонд во име на Договорувачот зависи од цената на уделите на датумот на купувањето. Цената на уделите на инвестицискиот фонд се утврдуваат во согласност со Правилата на работење и Проспектот на фондот.

Траењето на осигурувањето е од пет до десет години.

ПРЕДНОСТИ ОД КУПУВАЊЕ НА CRO INVEST

Можност за остварување на атрактивен принос со умерен ризик преку:

  • Професионално управување со средствата на фондот
  •  Диверзификација на портфолиото по земји, валути, инструменти
  •  Автоматско реинвестирање на добивката - КБ Публикум Инвест – Балансиран фонд е основан во 2009 година со што е единстевн фонд од овој тип на пазарот во РМ.
  • Во изминатите 5 години (2014-2018) фондот остварува само позитивни приноси на вложувањата во распон од 3,4%- 15,3% на годишно годишно 
  • Намалени трошоци за управување со средствата доколку се инвестира индивидуално во фондот, односно инвестирањето во фондот е без влезна провизија
  • Осигурително покритие за осигуреникот во случај на смрт.

Сите документи поврзани со овој производ се достапни на:

  • Посебни услови за осигурување на живот поврзано со инвестициски фондови со еднократна уплата на премија и дополнително осигурување за случај смрт поради незгода и смрт поради сообраќајна се уредуваат меѓусебните односи на учесниците на договорот за осигурување на живот (0540), во примена од 01.01.2019, достапни на интернет страницата на Кроациа Осигурување Живот АД (www.cro.mk),
  • Согласност- согласноста е составен дел на понудата за осигурување и се потпишува заедно со понудата
  • Проспект  на  Фондот,  Скратениот  Проспект,  последниот  ревидиран  годишен  извештај,  полугодишниот извештај на Фондот и цените на уделите на Фондот се достапни на интернет страницата на Друштвото за управување со инвестициски фондови (www.kbpublikum.com.mk)

Речник