Кроациа Осигурување – Живот на своите Осигуреници им овозможува сами да го избираат начинот на плаќање. На располагање Ви се следниве можности:
Доколку уплатата ја вршите во банка преку уплатница потребно е да пополните Образец ПП 10 по определен износ во денарска противвредност според средниот курс на Народна Банка на СРМ на денот на уплатата, со следните податоци:
Уплатата можете да ја извршите по Ваш избор на една од следниве Жиро – сметки:
Банка
|
Жиро-сметка
|
НЛБ АД Скопје
|
210059209220181
|
Стопанска Банка АД Скопје
|
200001074639421
|
Комерцијална Банка АД Скопје
|
300000002150817
|
Халкбанка АД Скопје
|
270000001091331
|
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
|
250010100997626
|
ПроКредит Банка
|
380106512601154
|
Уни Банка АД Скопје
|
240020000325172
|
Централна Кооперативна Банка АД Скопје
|
320100005031682
|
Стопанска Банка АД Битола
|
500000000787764
|
Silk Roud Банка АД Скопје
|
280100104614270
|
НАПОМЕНА: Полињата означени со XXХX во уплатната сметка се пополнуваат според податоците на уплатувачот
Согласно ПОСЕБНИТЕ УСЛОВИ за осигурување корисникот учествува во распределбата на остварената добивка на осигурувачот под услов премијата да е платена во целост до денот на пресметката (31 декември).
Подмирете ја Вашата доспеана рата и учествувајте во распределбата на добивката.
ДОПОЛНИТEЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ОСИГУРЕНИЦИТЕ
Согласно одредбите од член 50. од Законот за супервизија на осигурување, а поради трајна заштита на Вашите интереси, Ве упатуваме внимателно да ги прочитате овие информации:
1. Договорниот однос помеѓу осигуреникот и осигурителот е регулиран согласно одредбите на Закон за супервизија на осигурување;
2. Агенцијата за супервизија на осигурување е надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување и до кој можете да се доставите жалба во однос на работењето на друштвото;
3. Информација за потребните документи кои треба да ги поднесете при настанување на оштетно побарување може да добиете секој работен ден од 08.00 – 16.00 часот на телефонскиот број (02) 3215 883 или преку web страната на Друштвото каде се прикачени сите потребни формулари;
4. Доколку не сте задоволни од работењето на Друштвото може да поднесете приговор, односно жалба против работењето на друштвото за осигурување кое ќе го достави на адресата на Друштвото. Во случај на спор помеѓу договорните страни, Друштвото предвидува вонсудско решавање на спорови преку компетентен тим.
Речник
Понуда е предлог за склучување на договор за осигурување на живот и се поднесува во пишана форма на образец на осигурувачот;
Понудувач е лице кое поднесува пишана понуда на осигурувачот;
Договорувач е лице кое склучува договор за осигурување со осигурувачот. Ако се склучува взаемно осигурување на две лица, договорувач на осигурувањето мора да биде еден од осигурениците;
Осигуреник е лицето на чиј живот се однесува осигурувањето и од чие доживување или смрт зависи исплатата на договорената осигурена сума;
Корисник на осигурувањето е лицето во чија корист се договара осигурувањето и на кое му се исплатува договорената осигурена сума;
Договорена осигурена сума е обврска на осигурувачот утврдена со полисата на осигурувањето;
Полиса е исправа за склучениот договор за осигурување на живот;
Премија: Паричен износ кој договорувачот е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договорот за осигурување. Минималната годишна премија изнесува 180 ЕВРА.
Добивка: Износ кој се додава на осигурената сума, кој се исплатува по настанување на осигурен случај, а осигурениците со тоа учествуваат во добивката на осигурителното друштво остварена на подрачјето на осигурувањата на живот.
Математичка резерва - осигурувачот е законски должен да формира фонд - математичка резерва во кој се прибираат средства од уплатената премија на сите осигуреници. По правило се пресметува посебно за секој договор за осигурување и така собраните средства се уплатуваат на посебна сметка. Се пресметува врз основа на утврден процент од уплатените премии, со користење на соодветни актуарски проценки. Математичката резерва е строго заштитена со законски одредби, како во однос на пресметката така и во однос на вложувањето.