Следејќи ги Вашите потреби Ви овозможуваме подигнување на заем во висина на откупна вредност на Вашата полиса.
Отсега, можете да подигнете позајмица со винкулирање на Вашата полиса и сами да го одберете периодот на отплата. Дополнително, сами го одредувате и износот на заемот, кој не може да биде повисок од откупната вредност на полисата.
Заемот го одобруваме во рок од еден работен ден, а за негово одобрување потребно е да ја доставите следната документација:
Дека ова е најповолната позајмица за Вас говори фактот што:
- заемот се одобрува во рок од еден ден;
- средствата веднаш Ви се ставени на располагање;
- заем без жиранти или гаранции;
- единствена гаранција е Вашата полиса за осигурување на живот;
- истовремено целосно осигурување;
- доцнење со уплата на рата до три месеци, без пресметка на дополнителна казнена камата;
- износот на земениот заем не се калкулира во вкупната кредитна задолженост на клиентот.
Ова е единствениот заем кој, во најлоша ситуација, немате обврска да го вратите, бидејќи во таква ситуација, Кроациа Осигурување – Живот се обврзува да ја откупи Вашата полиса и со тоа престануваат Вашите обврски.
За подетални информации за висината на заемот кој може да го подигнете, за периодот на отплата, како и за пробен амортизационен план, Ве молиме да не контактирате на телефон: 02/3215-883.