Croatia osiguranje

Профил на компанијата

Пазарот за животно осигурување во Р. Македонија официјално започна да се развива во 2005 година со основање на првата компанија за осигурување на живот во земјава Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје. Од самото основање компанијата бележи позитивен тренд на работа и ја јакне својата пазарна позиција. Преку постојано воведување на иновации, нови производи, воспоставување на супериорен систем за грижа на корисници и праведен и брз систем за решавање на штети, Кроациа Осигурување – Живот се издвои како компанија која за македонските граѓани претставува синоним за сигурност и квалитет

  • ВИЗИЈА

Наша визија е да останеме лидер на осигурителниот пазар со квалитетот на производите кои ги нудиме, со непрекинато подобрување на постојните и развој на нови;

  • МИСИЈА

Со традицијата и довербата која ја градиме од 1884 година и комплетниот кадар им нудиме сигурност на Осигурениците и нивните најблиски;

  • СТРАТЕГИЈА

Во секој сегмент од работењето сакаме да постигнеме задоволство на нашите осигуреници, бидејќи сме свесни за обврските кои ги имаме како ЛИДЕР во осигурувањето! Трајно ја подобруваме организацијата воведувајќи технолошки иновации, развој на знаење, вештини и висок квалитет на сите програми за осигурување кои ги нудиме.