Croatia osiguranje

Искуства

Како родител имав потреба и одговорност да го осигурам сопствениот живот пред се заради своето семејство, а потоа и заради себе си. Во Кроациа Oсигурување - Живот препознав стабилен, одговорен и сериозен партнер со кој сум посигурна во својата иднина и иднината на моите најблиски.

Ирена Спировска
Осигуреник

Кроациа ја доби мојата доверба пред повеќе од 6 години и сметам дека тоа беше вистинска одлука во вистински момент. Вистинско олеснување ми беше брзата исплата на осигурената сума од страна на Кроациа. Убаво е кога уживаме во убавините кои ни ги носи животот, но треба да се подготвиме и за оние помалку убави моменти.

Јулијанса Ризаова
Осигуреник

Кроациа Осигурување - Живот ми подари сигурност, но и поддршка во вистински момент. Беше прва и единствена компанија која ми помогна да го купам мојот инструмент. Мојот понатамошен успех ќе се должи на довербата во оваа компанија.

Тамара Тодоровска
Осигуреник

Полисата за осигурување на живот ја склучив во времетраење на кампањата „Дубаи на Дланка“, неочекувајќи дека токму јас ќе бидам добитник на тоа патување. Незаборавните впечатоци и импресиите кои ги носам од Дубаи секогаш ќе ме потсетуваат на најважната и најдобрата одлука во животот, а тоа е склучувањето животно осигурување со Кроациа Осигурување - Живот.

Константин Аларов
Осигуреник

Како амбициозен млад уметник со јасно поставени цели ми беше повеќе од јасно дека за да успеам потребно е мојот сон да го претворам во план. Еден дел од тој план е токму одлуката за сигурност и заштеда преку полисата за животно осигурување на Кроациа Осигурување –Живот, со што им ја доверив мојата сигурност на најдобрите.

Елена Ристеска
Осигуреник

Животното осигурување претставува една можност, и тоа добра можност, која му овозможува на човекот сигурна иднина. Одвојувајќи денес, само еден мал сегмент од своите ресурси, може истите да ги користи тогаш кога ќе му бидат најпотребни.

Прим. Др. Благоја Алексоски
Осигуреник