„Кажи Да“ е осигурување наменето за сите родители, баби, дедовци, роднини ... кои сакаат на своите најмили да им подарат највреден свадбен подарок – исплата на осигурена сума при склучување на брак.

ОСИГУРЕНИ СУМИ:

  • Осигурена сума за склучување на брак од 20-та до 35-та година
  • Осигурена сума во случај корисникот да не склучи брак до 35-та година

ПРИДОБИВКИ:

  • Штедна компонента - средствата кои ги вложувате се повратни по истекот на осигурувањето;
  • На средствата кои континуирано ги вложувате им се припишува добивка;
  • Создавате капитал за склучување на брак на Вашите најмили со што обезбедувате највреден свадбен подарок;
  • Можност за одобрување на заем од страна на Кроациа Осигурување – Живот АД;
  • Корисникот на средствата има загарантирана осигурена сума за склучување на брак и во случај на смрт на Осигуреникот.

КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Осигуреник може да биде лице од 18 до 65 години- Уплатата на премија да заврши на 75 годишна возраст.
  • Корисник може да биде лице од еден месец до 10 години пристапна старост;
  • Избор на динамика на плаќање: месечно, квартално, полугодишно, годишно, еднократно.
  • Избор на начин на уплата: уплатница, траен налог, задршка од плата, во нашата дирекција.
  • Траење на уплатата - 10 до 20 години во зависност од пристапната старост на корисникот,  да заврши најдоцна до 20 годишна возраст на корисникот.

ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА

  • Осигурена сума во случај на траен инвалидитет поради несреќен случај
  • Осигурена сума во случај на 100% траен инвалидитет
  • Дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај

Дополнителното осигурување од незгода е просторно и временски неограничено.

ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД ТЕШКО БОЛНИ СОСТОЈБИ

  • Исхемична болест на срце
  • Срцев удар
  • Мозочен удар
  • Мултиплекс склероза
  • Паркинсова болест
  • Алцхајмеровата болес
  • СИДА
  • Хронично затајување на функцијата на бубрезите
  • Затајување на црн дроб
  • Анкилозантен спонделит
  • Ревматоиден артритис
  • Малигни болести (рак)

Речник