Croatia osiguranje

Поставете прашање

Често поставувани прашања:

  1. Дали полисата за животно осигурување ми нуди предност во однос на штедењето во Банка?

    Луѓето имаат право слободно да располагаат со своите парични средства користејќи ги притоа услугите на финансиските институции како што се банките и осигурителните компании. Најважната работа за нашите пари е да ја обезбедиме нивната сигурност а доколку имаме можност да ги оплодиме тоа е додадена вредност. Како осигурителна компанија ги советуваме луѓето да инвестираат во полиси за животно осигурување а еве и зошто: Каматните стапки за штедење во домашните банки во последниве неколку години значително се намалија, поради што опаѓа и заработката на штедачите. Тенденција на глобално ниво и во Македонија е каматните стапки за граѓански депозити да паѓаат се додека не се изгубат во целост. Но, што се случува со вложените средства доколку настапи смрт на штедачот/осигуреникот? Доколку се штеди во банка, законските наследници на штедачот би ги добиле исклучиво средствата кои се вложени до тој момент и тоа по комплицирани и често долготрајни судски постапки. Наспроти тоа полисата за животно осигурување има штедна компонента каде по истекот на осигурителниот период, Вие како осигуреник ги добивате средствата кои ги сте ги вложиле и дополнително Ви препишуваме добивка, имате можност да подигнете заем, обезбедувате финансиска сигурност на најблиското семејство во случај на настанување на несреќен настан и можност за вклучување на дополнителни осигурителни компоненти како здравствено осигурување од тешки болни состојби, здравствено осигурување од малигни болести. Практично ова е единствен финансиски производ кој вклучува штедна компонента што значи дека ја гарантира сигурноста на вашите пари, а истовремено покрива ризици од појава на болест или несреќен случај. Дали ја забележувате разликата која ја носи полисата во однос на депозитите во банка?

  2. Колкава е каматата што ќе ми ја исплатите?

    Камата како поим не постои во осигурителниот речник и е заменета со поимот припишана добивка. Кроациа Осигурување - Живот секоја година припишува добивка чија висина зависи од работењето на самата компанија, налик на дивиденда. Колку поуспешна година за компанијата, толку повисока припишана добивка за осигурениците. Припишаната добивка не е гарантирана.

  3. Што е тоа премија?

    Премија е износот(влогот) кој го одвојувате(штедите) за Вашата полиса. Премијата по дефиниција е цена на ризикот.

  4. Зошто осигурување на живот?

    Осигурувањето на живот не е за Вас. Претставува заштита на оние кои зависат од Вас. Тоа е најчест облик на осигурување и штедење во развиените земји. Тоа е договорен однос помеѓу осигурителната компанија и осигуреникот со кој се регулираат начинот на исплата на надомест во случај на доживување, штетен настан, вклучувајќи повреда или смрт на осигуреното лице.

  5. Колку е минимумот кој смеам да го плаќам?

    Минималната годишна премија изнесува 180 еур. во денарска противредност, по среден пресметковен курс на НБ на Р.Македонија.

  6. Смеам ли да плаќам во Евра?

    Плаќањето на премијата се врши исклучиво во денари.

  7. Дали може полисата да ја склучам со траење од 50 години?

    Минималното траење на полисата за Осигурување на Живот е 10 години. Максималното траење на полисата за Осигурување на Живот е 30 години. За жал, неможе да се склучи траење на осигурувањето надвор од овие рамки.

  8. Кои ризици (осигурени суми) ги опфаќа полисата?

    Осигурување на Живот Осигурена сума за доживување ; Осигурена сума во случај на смрт поради болест ; Осигурена сума во случај на смрт поради незгода ; Привремена осигурителна заштита. Дополнително осигурување од последици на несреќен случај Осигурена сума во случај на траен инвалидитет од последици на несреќен случај ; Осигурена сума во случај на 100% инвалидитет ; Дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај. Дополнително осигурување од тешко болна состојба

  9. Имам 50 години. Можам ли да го осигурам својот живот?

    Сите условно здрави лица со пристапна старост од 14 до 65 години на старост, можат да склучат договор за осигурување на живот со траење од 10 до 30 години. Напомена: Со полисата за осигурување Вашето осигурително покритие завршува на 75 годишна возраст.

  10. Со полисата, само Животот ми е осигурен или...?

    Со полисата за осигурување на живот можете да договорите и дополнително осигурување од последици на несреќен случај, кое Ве штити при повреди и незгоди, како и дополнително здравствено осигурување од тешки болни состојби и здравствено осигурување од малигни болести.

  11. Што друго можам да правам со полисата?

    Полисата за осигурување на живот е хартија од вредност која гарантира исплата на договорената сума за доживување зголемена за припишана добивка. Дополнително имате: Можност да се винкулира во корист на банка или во корист на осигурувачот во висина на откупна вредност на полисата. Можност да добиете заем со извесен процент на камата во висина на откупната вредност на полисата. Полисата може да се даде како залог кај одреден доверител... ...под услов да се исполнети условите за откуп и капитализација од Договорот за осигурување склучено и до тогаш премијата да е платена во целост

  12. Каде можам да склучам полиса?

    Продажбата на полисите се одвива преку повеќе канали на продажба: Сектор директна продажба, Дирекција на Кроациа Осигурување – Живот; Надворешни застапници; Брокерски куќи за осигурување; Агенции за осигурување и друштва за застапување во осигурување.

  13. Што ако пропадне компанијата? Колку се сигурни вложените средства?

    Интересно прашање :). Креирани се повеќе механизми за да се обезбеди сигурноста на вложените средства. „Врзувањето“ на средствата со девизна клаузула. Сите осигурени суми се во Евра. Реосигурувањето – Кроациа Осигурување – Живот ги реосигурува сите осигурени суми над максималната поддршка во CROATIA Lloyd. Законските прописи - Согласно “Законот за супервизија во осигурување“, Кроациа Осигурување – Живот единствено смее да ги пласира прибраните средства во неризични пласмани (државни обврзници, државни записи и депозити во реномирани банки, исклучиво во нашата држава). Кроациа Осигурување – Живот согласно законот за супервизија во осигурувањето најголемиот дел од вложените средства ги одвојува на засебна сметка за математичка резервација.

  14. Што ако неможам/несакам да продолжам плаќам?

    Кроациа Осигурување – Живот нуди повеќе опции за да излезе во пресрет на своите осигуреници: Намалување на износот на премијата, Менување на динамиката на плаќање, Заем, Откуп на полисата или Капитализација на полисата. Во зависност од желбата на осигуреникот, по претходна консултација со претставник на Кроациа Осигурување – Живот , се избира една од понудените опции.

  15. Што ќе добијам ако скршам нога?

    Едно од најчестите прашања кои ги поставуваат потенцијалните осигуреници. Во секој случај не би можеле да шпекулираме со исплата на конкретни бидејќи тие директно зависат од висината на осигурената сума и степенот на штета. Процедура: По настанатата незгода, се врши пријава на штетата во нашата компанија. Се поднесува целокупната лекарска документација. Наша обврска е да ја спроведеме документацијата до независно стручно лице – Доктор цензор. Докторот-цензор одредува во кој процент и степен е настаната повреда и согласно стручното мислење Кроациа Осигурување – Живот ја исплатува штетата.

  16. Како може да ги следам моите уплати / како можам да се логирам на вашата апликација

    „My CRO Account“ e on line апликација преку која сите потребни информации Ви се многу подостапни и постојано имате увид за статусот на Вашата полиса. „My CRO Account“ апликацијата Ви овозможува да вршите on line плаќање на премијата за осигурување, а воедно овозможува и следење на: Доспеаност на рати, Дата и износ на извршени уплати, Вкупно уплатени средства, Анализа на припишана добивка, Извештај на вложувањата на средствата од капиталот и резервите на Кроациа Осигурување – Живот . До „My CRO Account“ апликацијата можете да пристапите преку интернет страната www.app.cro.mk и со Ваше регистрирање на истата, од удобноста на Вашиот дом можете да дојдете до сите за Вас неопходни информации. На овој начин постојано ќе бидете во тек со состојбата на Вашата полиса и Вашиот статус како наш Осигуреник.

  17. Кои промени можам да ги извршам со Барањето за исправка и промена по полиса ?

    Со пополнување и поднесување формуларот Барање за исправка и промена по полиса можете да извршите промена на: Податок за Договорувач на осигурување – со пополнување на поле 1. од формуларот; Податок за Корисник на осигурување - со пополнување на поле 2. од формуларот; Податоци за постоечкиот осигуреник – со пополнување на поле 3. од формуларот; Начин и инструмент на плаќање – со пополнување на поле 4. од гормуларот Во прилог на пополнетото и потпишаното Барање, задолжително доставете ја оригиналната полиса (освен во кога менувате начин и инструмент на плаќање). За сите дополнителни иформации Ве молиме да не контактирате на телефон: 02/3215-883 локал 108, 102.

  18. Молам за информација како да извршам уплата?

    Ви благодариме на укажаната доверба и Ве известуваме дека Вашите уплати можете да ги извршите на една од наведените сметки: Стопанска Банка – Скопје: 200001074639421, Халк Банка: 270000001091331, Стопанска Банка – Битола: 500000000787764, Уни Банка: 240020000325172, Комерцијална Банка: 300000002150817, Централна Кооперативна Банка: 320100005031682, НЛБ Тутунска Банка: 210059209220181, Охридска Банка: 530010100997691, Шпаркасе Банка: 250001002250089, Поштенска Банка: 360016010053549, ПроКредит Банка: 380106512601154, Алфа Банка: 280100104614270. При уплата задолжително во цел на дознака на налогот наведете го бројот на повикување на Вашата полиса, за следни уплати во бројот на повикување променете го само месецот на уплата.

  19. Дали полисата за животно осигурување ми нуди предност во однос на штедењето во Банка?