Речник
Понуда е предлог за склучување на договор за осигурување на живот и се поднесува во пишана форма на образец на осигурувачот;
Понудувач е лице кое поднесува пишана понуда на осигурувачот;
Договорувач е лице кое склучува договор за осигурување со осигурувачот. Ако се склучува взаемно осигурување на две лица, договорувач на осигурувањето мора да биде еден од осигурениците;
Осигуреник е лицето на чиј живот се однесува осигурувањето и од чие доживување или смрт зависи исплатата на договорената осигурена сума;
Корисник на осигурувањето е лицето во чија корист се договара осигурувањето и на кое му се исплатува договорената осигурена сума;
Договорена осигурена сума е обврска на осигурувачот утврдена со полисата на осигурувањето;
Полиса е исправа за склучениот договор за осигурување на живот;
Премија: Паричен износ кој договорувачот е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договорот за осигурување. Минималната годишна премија изнесува 180 ЕВРА.
Математичка резерва - осигурувачот е законски должен да формира фонд - математичка резерва во кој се прибираат средства од уплатената премија на сите осигуреници. По правило се пресметува посебно за секој договор за осигурување и така собраните средства се уплатуваат на посебна сметка. Се пресметува врз основа на утврден процент од уплатените премии, со користење на соодветни актуарски проценки. Математичката резерва е строго заштитена со законски одредби, како во однос на пресметката така и во однос на вложувањето.
Добивка: Износ кој се додава на осигурената сума, кој се исплатува по настанување на осигурен случај, а осигурениците со тоа учествуваат во добивката на осигурителното друштво остварена на подрачјето на осигурувањата на живот.