Croatia osiguranje

Придружете ни се на нас и на нашиот професионален тим

Водени од фактот дека вредноста и достигнувањата на компанијата зависат пред се од самите вработени, Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на живот тежнее во својот тим да има компетентни вработени кои со својот потенцијал се во линија со лидерската позиција на компанијата.

За успешно работење не се доволни само компетенциите кои вработените веќе ги поседуваат, туку неопходно е нивно натамошно усовршување и унапредување кое произлегува од потребата за успешно справување со работните задачи. Токму затоа Кроациа Осигурување Живот секојдневно вложува во развој на своите вработени знаејќи дека самите тие претставуваат нејзначајниот ресурс на Друштвото. Со организирање на обуки, дообуки, семинари конференции, тренинзи се развиваат вештините на нашите вработени кои се подготвени за нови предизвици и ориентирани кон остварување на поставените цели и задачи.

Тимската работа, можноста за кариерен раст како и едукативниот развој ја прават Кроациа Осигурување - Живот идеална средина на високо квалитетни, способни, креативни кадри, кои се стремат кон реализација на високо поставени цели, како и кон развој на сопствените капацитети и стекнувања на нови искуства и знаења.

Затоа, доколку сте заинтересирани за кариера во Кроациа Осигурување Живот, испратете ја вашата куса биографија - CV, каде што ќе ја назначите работната позиција за која аплицирате, односно областа во која би сакале да работите на следниот e-mail: kariera@cro.mk. Доколку конкурирате за конкретен оглас, тогаш назначете во пораката за кое работно место се пријавувате.

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Кроациа Осигурување Живот АД Скопје - Друштво за осигурување на живот, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност.

Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.

Актуелни огласи

Архивирани огласи