Croatia osiguranje

ДЕНОВИ НА ДЕТЕТО

Објавено на: 01/10/2014

Секоја година, првата седмица од месец октомври им се посветува на децата под мотото Детска недела. Додека пак, 20-ти ноември се одбележува како Светски ден на детето, ден кога Генералното Собрание на О.Н. усвои Декларација за заштита на децата.

Знаејќи дека децата се најголемото богатство, а нивната среќа приоритет за секој родител, Кроациа Осигурување –Живот во рамките насвоето портфолио го воведе ексклузивниот производ  Детското Штедно Осигурување.

Во нарeдниот период одлучивме дополнително да ја зголемиме ексклузивноста на овој производ спроведувајќи ја акцијата „ДЕНОВИ НА ДЕТЕТО“.

Опис на акцијата:

Секоја склучена полиса за Детско Штедно Осигурување во период од 01.10.2014 година – 30.11.2014 година учествува во наградно извлекување

  • Награда велосипед
  • Извлекување во декември

Дали денес го прегрнавте Вашето малечко? Подарете им на своите најмили сигурност како онаа што ја чуствуваат кога ќе Ве прегрнат. Овозможете им сигурна иднина со Коко детско штедно осигурување и заедно да ги одбележиме ДЕНОВИТЕ НА ДЕТЕТО.