Коко - Детско штедно осигурување

Образованието и едукацијата се мост помеѓу соништата на децата и реалноста. Мост кој го поминуваме за да се оствари одговорот на прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“. Секој родител сака на своите најмили да им обезбеди квалитетно образование, но квалитетното образование подразбира сериозна инвестиција..

Коко детското штедно осигурување претставува единствена можност да ги осигурате своите најмили од ризиците што ги носи детската игра и притоа да заштедите за нивната иднина.

ПРИДОБИВКИ:

  • Обезбедете за Вашите најмили остварување на соништата, квалитетно високо образование, олеснување на зачекорувањето во самостоен  живот
  • Штедна компонента - Сите средства кои ги вложувате се повратни, дополнително Ви припишуваме добивка
  • Заштитено со девизна клаузула
  • Осигурување за целото времетраење на договорот
  • Финансиски сигурна иднина за Вашите најмили
  • Сигурен облик на штедење со истовремено осигурување

КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Се опфаќаат деца на возраст од 1 месец до 13 години.
  • Траењето на осигурувањето e од 10 до 25 години.
  • Можност за избор на динамика на плаќање: месечно, квартално, полугодишно, годишно и еднократно.
  • Можност за избор на начин на уплата: уплатница, траен налог, задршка од плата, во нашата Дирекција.
  • КЛАСИК ОСИГУРУВАЊЕ - Детско штедно осигурување со дополнително осигурување од несреќен случај  и повеќекратна уплата на премии (месечно, квартално, полугодишно и годишно).
  • ЕКСКЛУЗИВ ОСИГУРУВАЊЕ - Детско штедно осигурување со дополнително осигурување од несреќен случај  и еднократна уплата на премија за целиот осигурителен период. 

Обезбедете им на Ваште најмили:

  • квалитетно образование
  • незаборавни патувања
  • автомобил од соништата
  • сопствен стан
  • капитал за започнување на сопствен бизнис

Вистинската одлука потребно е да ја донесете во вистински момент!

Речник

Понуда е предлог за склучување на договор за осигурување на живот и се поднесува во пишана форма на образец на осигурувачот.
Договорувач е лице кое склучува договор за осигурување со осигурувачот. Ако се склучува взаемно осигурување на две лица, договорувач на осигурувањето мора да биде еден од осигурениците.
Договорувач е лице кое склучува договор за осигурување со осигурувачот. Ако се склучува взаемно осигурување на две лица, договорувач на осигурувањето мора да биде еден од осигурениците.
Осигуреник е лицето на чиј живот се однесува осигурувањето и од чие доживување или смрт зависи исплатата на договорената осигурена сума;
Осигуреник е лицето на чиј живот се однесува осигурувањето и од чие доживување или смрт зависи исплатата на договорената осигурена сума.
Договорена осигурена сума е обврска на осигурувачот утврдена со полисата на осигурувањето.
Полиса е исправа за склучениот договор за осигурување на живот.
Премија: Паричен износ кој договорувачот е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договорот за осигурување. Минималната годишна премија изнесува 180 ЕВРА.
Добивка: Износ кој се додава на осигурената сума, кој се исплатува по настанување на осигурен случај, а осигурениците со тоа учествуваат во добивката на осигурителното друштво остварена на подрачјето на осигурувањата на живот.
Математичка резерва - осигурувачот е законски должен да формира фонд - математичка резерва во кој се прибираат средства од уплатената премија на сите осигуреници. По правило се пресметува посебно за секој договор за осигурување и така собраните средства се уплатуваат на посебна сметка. Се пресметува врз основа на утврден процент од уплатените премии, со користење на соодветни актуарски проценки. Математичката резерва е строго заштитена со законски одредби, како во однос на пресметката така и во однос на вложувањето.
Понудувач е лице кое поднесува пишана понуда на осигурувачот.
Збир на клаузули со кои детално се уредуваат односите помеѓу осигурувачот и осигуреникот од договорот за осигурување. Тие се составен дел од договорот за осигурување и затоа нивното познавање е важно за разбирање на правата и обврските што произлегуваат од одреден вид осигурување. Одредбите од општите услови за осигурување по правило се регулирани со законски прописи и спогодби на осигурувачите.
Износ до којшто осигурувачот има обврска за обесштетување при настанување осигурен случај.