Крокодилчето Коко, заштитниот лик на детското штедно осигурување на Кроациа Осигурување – Живот, во основните училишта и градинките организира едукативни и креативни работилници кои ќе им овозможат на децата преку дружење и забава да се стекнат со многу нови знаења.
Изразувајќи ги своите ликовни и творечки афинитети децата заедно со крокодилчето Коко ќе учат за штедење и осигурување.
Коко ги повикува сите деца да достават своја лична творба на тема: „ШТЕДЕЊЕ“.
Творбите доставете ги во просториите на Кроациа Осигурување – Живот најдоцна до 31.12.2017 година.
Најдобите и најкреативните творби ќе бидат наградени. Коко подготви бројни изненадувања за сите деца, а најоригиналните три творби ќе ги награди:
- ПРВО МЕСТО - Ваучер за патување
- ВТОРО И ТРЕТО МЕСТО – Вредносен ваучер
Најдобрите творби Коко ќе ги избере со Ваша помош преку собирање на лајкови на фејсбук страницата на Croatia Осигурување / Живот. Творбите ќе ги објави на 02.01.2018 година, а добитниците на наградите ќе ги дознаеме на 01.02.2018 година.
Дополнително, сите деца кои во рамки на проектот ќе станат Коко Осигуреници, стануваат и потенцијални добитници на наградно патување во Дизниленд.
За дополнителни информации за КОКО детското штедно осигурување и проектот „ЈАС ЦРТАМ – КОКО МЕ НАГРАДУВА“ контактирајте со нашите оператори на телефонскиот број 071 345 746. Операторите се достапни и за Вибер комуникација.