Водечката компанија за животно осигурување во земјава, Кроациа Осигурување – Живот, е предводник во осигурителниот сектор за тоа како се користат технолошките можности во насока на тоа да се овозможи супериорна грижа за своите корисници. Компанијата неколку години наназад ги руши сите бариери и континуирано воведува нови можности за брза и лесна комуникација со своите осигуреници.
Креирајќи web страна со бројни интерактивни можности компанијата пласира прецизни, транспарентни и визуелни информации со што тежнее кон усовршување на комуникацијата со корисниците.
Кроациа Осигурување – Живот е единствената компанија за животно осигурување во земјава која овозможува online плаќање и следење на состојбата на полисите. Ова апликативно решение е интегрирано со веб страницата, а за сите осигуреници е достапно со регистрација на apps.cro.mk.
Преку својата веб страница (www.cro.mk) компанијата овозможува и Live Chat комуникација со оператори кои Ви се на располагање за сите потребни информации.
Web страната Ви овозможува од удобноста на Вашите домови преку неколку клика:
Од неодамна компанијата овозможи и ВИБЕР комуникација, а се со цел да обезбеди брза и лесна услуга дури и кога сте во странство. Бројот 071/345-746 Ви е достапен за сите информации, насоки и услуги за полисите за животно осигурување.
Љубителите на комуникацијата преку социјалните мрежи можат да ја посетат Facebook Fan страница преку која можете да се информирате за сите новитети, настани, акции, можности за вработување, термини за обука итн.