Коациа Осигурување – Живот го избра Најсреќното дете за 2016 година за кое полисата за Детското Штедно Осигурување ќе стане билет кој ќе го одведе до местото каде детските фантазии стануваат реалност.
Во рамки на проектот „Коко Ве води во Дизниленд“ сите деца кои во текот на годината ќе станат наши Осигуреници, стануваат потенцијални добитници на наградно патување во Дизниленд. Шеста година по ред го избираме најсреќното дете меѓу оние кои станале наши осигуреници изминатата година, овој пат среќата му се насмевна на Стефан Н. (полиса број 911730).
Проектот „Најсреќно дете“ ќе продолжи и во 2017 година. Кроациа Осигурување – Живот и оваа година ќе подари патување во Дизниленд за НАЈСРЕЌНОТО ДЕТЕ. Ве поттикнуваме да ја искорисите оваа ексклузивна можност и со склучување на полиса за детско штедно осигурување осигурајте го Вашето дете од ризиците на детската игра и притоа заштедете за неговата иднина. Можеби токму Вашата полиса ќе биде билетот кој ќе го одведе целото Ваше семејство во Дизниленд.