Croatia osiguranje

ОВИЕ ПРАЗНИЦИ ПОДАРЕТЕ НЕШТО ПОСЕБНО

Објавено на: 19/12/2016

Убавината на празниците и овој период од годината се состои токму во подарувањето. Овие празници подарете нешто посебно и поинакво, нешто што има корист и значење, нешто инспиративно и неминливо. Подарете ПОЛИСА ЗА ДЕТСКО ШТЕДНО ОСИГУРУВАЊЕ.  

Полисата за детско штедно осигурување претставува комплет од осигурување и долгорочно штедење. Овој подарок ќе им помогне на родителите полесно да го финансираат образованието на своето дете, а ќе ја покаже и Вашата љубов и грижа за нивната сигурна финансиска иднина.

Подарок е идеален бидејќи може да се прилагоди на Вашиот буџет, а наменет е за деца од најмала возраст па се до 13 години. Со овој подарок ги учите децата дека го поддржувате образованието и долгорочното штедење кое ќе им биде потребно еден ден кога ќе се осамостојат.  

Подарок е уникатен бидејќи претставува комбинација од осигурување и штедење, со што го заштитувате детето од ризиците што ги носи детската игра, а истовремено подарувате и сигурна иднина.

Полисата за детско штедно осигурување има бројни дополнителни поволности што го прават овој подарок уште пооригинален. Една од тие бенефиции е и подарокот за завршено средно образование на детето со одличен успех.

Подарувајќи полиса за детско штедно осигурување Вие дополнително подарувате и можност за патување во Дизниленд. Сите деца кои во текот на годината ќе станат осигуреници на Кроациа Осигурување - Живот, стануваат учесници во наградната игра „Коко Ве води во Дизниленд“ и потенцијални добитници на наградно патување во Дизниленд. Најсреќното од нив по случаен избор се избира на крајот од годината.

Со полисата за детско штедно осигурување родителите се стекнуваат со право на користење на CROATIA КАРТИЧКАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ која овозможува попуст при посета на ресторани, кафулиња, салони за убавина, фитнес центри, училишта за странски јазици, продавници за детски играчки, стоматолошки ординации, парфимерии, туристички агенции итн. Croatia картичка за лојалност овозможуваат попуст на повеќе од  250 локации низ цела Македонија. На овој начин Вие сте подариле 250 МОЖНОСТИ да заштедат за полиса за детско штедно осигурување.

Сега веќе знаете што да подарите овие празници!