Супериорноста на компанијата се постигнува тогаш кога ќе го прифати осигурувањето како инвестиција во својата сигурност.
Менаџерското осигурување, иако релативно ново на нашиот пазар, според искуствата на поразвиените пазари, е многу важно, затоа што ја зајакнува припадноста на клучните кадри на компанијата, стимулира лојалност и посветеност на целите на компанијата, а во исто време нуди врвна осигурителна заштита и покритие.
Важен момент е препознавањето и искористувањето на можностите и придобивките што ги нуди овој производ од страна на менаџментот на компанијата.
Една компанија со осигурувањето на својот клучен кадар ја потврдува нивната стручност и улогата што ја имаат тие во компанијата и покажува дека го вреднува трудот што го вложуваат. Според светските искуства, една компанија со ова осигурување дава сигнал дека го цени потенцијалот на своите вработени и е свесна за нивната улога и влијание врз деловните резултати на компанијата.
Менаџерското осигурување е наменето за водечките лица во една компанија од кои зависи водењето и резултатите на важни деловни процеси. Од друга страна, менаџерското животно осигурување може да представува награда за успешноста на менаџерот, која се обазбедува преку осигурената сума за доживување по истекот на осигурувањето.
Менаџерското животно осигурување на Кроациа Осигурување - Живот претставува истовремено осигурување и штедење.
Со ова осигурување може да се осигура клучниот кадар на една компанија, и тоа на возраст од 18 до 65 години (на 75 годишна возраст да заврши осигурувањето).
Осигурените суми може да се разликуваат, што придонесува и придобивките од осигурувањето да бидат различни, а полисата може да ги вклучува следните осигурени суми:
- Осигурена сума за доживување (по истек на договорот за осигурување се исплаќа договорената осигурена сума)
- Осигурена сума во случај на смрт од болест (се исплаќа договорената осигурена сума независно кога настанал осигурениот случај)
- Осигурена сума во случај на смрт поради незгода (се исплаќа договорената осигурена сума независно кога настанал осигурениот случај)
- Осигурена сума во случај на траен инвалидитет поради несреќен случај
- Осигурена сума во случај на 100% траен инвалидитет
- Дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај
- Осигурена сума во случај на тешко болна состојба
ПРИДОБИВКИ ОД МЕНАЏЕРСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ
- алатка за зголемување на лојалноста и задоволството на менаџерите,
- бенефит во форма на финансиски бонус,
- современ начин за наградување на клучните кадри во компанијата,
- ја зголемува лојалноста и посветеноста кон компанијата.
Успехот на секоја компанија зависи од успешноста и лојалноста на нејзините вработени. Инвестирајте во успехот на Вашата компанија.