Во насока на подобрување на понудата на услуги кон клиентите, Кроациа Осигурување - Живот АД Скопје и Стопанска Банка АД Скопје започнаa соработка преку линкуван производ т.н Cro Link.
Cro Link претставува поврзување на кредит и полиса за осигурување на живот со еднократна уплата на премија и е резултат на екстерното истражување на пазарот, анализирање на потребите на осигурениците и нивните можности.
Осигурувањето на живот во случај на смрт и доживување со еднократна уплата подразбира уплата на премијата за целиот период на трaење на договорот за осигурување, при што Осигурената сума (обврската на осигурителната компанија кон договорувачот на осигурувањето) е повисока за 20%-60% од првично уплатената еднократна премија, во зависност од договоренот траење на полисата за осигурување на живот.
Кроациа Осигурување-Живот АД Скопје започнувајќи соработка со Стопанска Банка АД Скопје овозможува склучување на полиса за осигурување на живот преку кредит.
На овој начин на осигурениците им нудиме можност за лесно и прифатливо склучување на полиса за животно осигурување, загарантирана заштеда и заштита на нивното семејство без да го загрозат својот семеен буџет.
ПРИДОБИВКИ:
- Прифатлив и лесен начин за склучување на полиса за осигурување на живот;
- Постигнување на финансиска сигурност за себе и своето семејство;
- Полиса која носи најголем финансиски приход;
- Штедење со истовремено осигурување;
- Едноставна постапка за одобрување кредит.
КАРАКТЕРИСТИКИ:
Вид на осигурување
|
Осигурување на живот во случај на смрт и доживување со еднократна уплата на премија
|
Минимална премија за осигурување
|
2.500,00 евра
|
Траење на осигурувањето
|
10 - 25 години
|
Рок на отплата на кредитот
|
5 -10 години
|
Начин на плаќање
|
Еднократно – кредитирано од СТБ
|
Пристапна старост на осигуреникот кредитобарателот
|
20 -60 годишна возраст (до 75 год. да заврши осигурувањето, до 65 год. отплатата на кредитот)
|
Можност за дополнително осигурување
|
Дополнително осигурување од незгода
|
Дополнително осигурување од тешки болни состојби
|
Станува збор за производ кој досега не и е познат на нашата, но и на пошироката регионална јавност. Сепак, цврсто веруваме дека со него ќе понудиме новитет кој значително ќе влијае на порастот на премијата за животно осигиурување, бидејќи, пред се, е креиреан да ги задоволи потребите на секој наш граѓанин а притоа да не се загрозат неговите финансиски можности.