Мечтаете да се занимавате со професија која постојано ќе Ви носи адреналин и секој ден ќе Ви претставува нова возбуда? Посакувате професија со одлична заработка? Сакате постојано ветерот да дува во Вашите плеќи и да се чуствувате исполнето со она што го работите?
Продажбата на животно осигурување е една од најдинамичните и најинтересните професии, а истовремено важи и за една од најдобро платените професии во светот.
Да имаш моќ сам да влијаеш на висината на своите промања, да имаш неограничена можност сам да го одредуваш темпото и патот на своите напредувања, да уживаш во продажбата кога со нејзе добро се владее, да стекнеш многу нови деловни соработници и пријатели, сето тоа ја прави оваа професија особено атрактивна.
Експертите ќе кажат дека во продажбата успеваат личности со позитивен став, одлучност, одлични продажни вештини, тимски работници, самомотивирани личности, храбри ... Но, исто така ќе кажат дека и најуспешните продавачи не биле родени продавачи, туку се личности кои вложувале во својот професионален развој.
Продажбата на полиси за животно осигурување Ви овозможува постојана надоградба на знаење и продажни вештини. Овозможува да се надоградувате и постепено да се развивате во успешни професионалци.
Успехот не доаѓа сам по себе. Тој има своја цена која доколку го сакаме мораме да ја платиме. Неуспехот доаѓа сам по себе. Неговата цена е многу поголема и тој не прашува дали сакаме да ја платиме или не.
Доколку уживате во комуникацијата со луѓе, отворени сте и срдечни, верувате во себе, истрајни сте, поседувате ентузијазам и посакувате да работите во една од најголемите осигурителни компании, Ве повикуваме да се придружите на нашиот успешен тим.
Ве охрабруваме да си подарите кариерен развој каков заслужувате. Во нашиот тим има место за сите оние кои се зависни од продажниот адреналин и предизвиците кои ги носи продажбата.