Croatia osiguranje

Одбележуваме - светски ден на борба против ракот

Објавено на: 04/02/2014

Светскиoт ден за борба против ракот е единствена иницијатива која го обединува целиот свет со една цел – борба против глобалната епидемија на рак. 

Секој 4ти февруари овој ден се обележува со цел да се спасат милиони животи преку подигање на свеста за ракот, поттикнување превенција, рано откривање и соодветен третман, но и мотивирање на субјекти и индивидуалци ширум светот да преземат акција во борбата против ракот.

Денес голем број на луѓе преживуваат критични болести (тешко болни состојби) кои не многу одамна биле смртоносни. Финансиските последици од преживување на овие болести можат да бидат уништувачки по животниот стандард на домаќинствата.

Кроациа Осигурување – Живот во рамките на своето портфолио воведе ПРЕМИУМ производ кој овозможува осигурителна заштита од преживување тешко болни состојби. Осигурителниот надомест на осигуреникот ќе му обезбеди неопходни парични средства за лекување кои не ги покриваат другите осигурувања. 

Тоа се тешки моменти за кои никој не сака да размислува, но во такви моменти секој заслужува ефективен третман и нега која знае да биде сериозна инвестиција. 

Дополнителното осигурување од тешки болни состојби овозможува осигурителна заштита при настанување на 12 болести:

  • Исхемична болест на срце
  • Срцев удар
  • Мозочен удар
  • Мултиплекс склероза
  • Паркинсова болест
  • Алцхајмеровата болест

 

  • СИДА
  • Хронично затајување на функцијата на бубрезите
  • Затајување на црн дроб
  • Анкилозантен спонделит
  • Ревматоиден артритис
  • Малигни болести (рак)