Кроациа Осигурување – Живот АД го избра НАЈРЕДОВНИОТ ПЛАЌАЧ ЗА 2013 година.
Четврта година по ред ја наградуваме лојалноста на нашите редовни плаќачи подарувајќи незаборавно патување за најсреќниот од нив.
Најсреќниот меѓу редовните плаќачи избран преку системско извлекување со зададени критериуми за континуирана редовност во плаќањето ќе биде награден со незаборавно патување во луксузниот хотел „Пирин“ во Сандански – Р. Бугарија. Оваа година среќата и се насмевна на г-ѓа Билјана Ч. (полиса бр: 4012).
Редовното уплаќање на премијата за осигурување на живот Ве рангира во категоријата на редовни плаќачи и Ви нуди можност да освоите незаборавно патување за две особи.
Ви благодариме на Вашата лојалност и Вашата редовност во плаќањето и Ви најавуваме дека проектот „НАЈРЕДОВЕН ПЛАЌАЧ“ ќе продолжи и во 2014 година.