„My CRO Account“ апликацијата претставува web интегрирано решение за online следење на состојбата на полисите за осигурување на живот.
Во насока на постојана надоградба на нашата „Грижа за корисници“ воведовме апликација која ќе го олесни протоколот на информации до нашите Корисници.
Регистрирајте се на оваа апликација и од удобноста на Вашите домови следете ја состојбата на Вашата полиса.
До „My CRO Account“ апликацијата можете да пристапите преку интернет страната app.cro.mk и со Ваше регистрирање на истата имате online преглед на сите податоци поврзани со полисата.
„My CRO Account“ апликацијата за нашите Осигуреници овозможува следење на:
- Доспеаност на рата
- Дата и износ на извршени уплати
- Вкупно уплатени средства
- Анализа на припишана добивка
- Извештај на вложувањата на средствата од капиталот и резервите на Кроациа Осигурување – Живот
На овој начин постојано ќе бидете во тек со состојбата на Вашата полиса и Вашиот статус како наш Осигуреник.
Олеснете си го начинот преку кој доаѓате до информации и регистрирајте се на „My CRO Account“ апликацијата!