По повод меѓународниот ден на штедењето (31 октомври) и меѓународниот ден на осигурувањето (1 ноември) Кроациа Осигурување – Живот во соработка со градинките, како значајни едукативни субјекти во општеството, спроведе едукативен караван „Со Коко се дружам за безгрижно да пораснам“.
Во рамките на едукативниот караван преку организирани едукативни и креативни работилници децата ги изразуваа своите ликовни и творечки афинитети.
Во компанијата пристигнаа повеќе од 900 ликовни творби. Проектот имаше за цел едукација на најмалите за штедењето и потребата навремено да се штеди. На наше огромно задоволство, проектот имаше одличен ефект, па така резултираше со креативни и иновативни детски творби на тема штедење и другарување со крокодилчето Коко – заштитниот лик на детското штедно осигурување.
Крокодилчето Коко подготви бројни подароци и изненадувања за сите деца, а воедно избра и најдобра и најкреативна творба која е наградена со подарок Коко полиса за детско штедно осигурување.
Беше исклучително тешко да се одбере најдобрата ликовна творба, но Коко се одлучи за оригиналната идеа и детскиот вложен труд во творбата „Коко и Томи се другари“ изработена од вредните раце на Томa A.
Во продолжение можете да погледнете дел од творбите кои пристигнаа во нашата компанија.