Croatia osiguranje

ПРАВО ЗА УЧЕСТВО ВО ДОБИВКА

Објавено на: 15/12/2015

Кроациа Осигурување – Живот а.д. Скопје продолжува со успешното работење, а во фокусот на нашето работење е максимална грижа за нашите корисници.

Грижејќи се да ги остварите сите Ваши права по основ на полисата за осигурување на живот дозволете да Ве потсетиме дека согласно условите, за остварување на правото за учество во распредлба на остварената добивка на компанијата, потребно е доспеаната премија да е платена во целост до денот на пресметка (31 декември).

Подмирета ја Вашата доспеана рата и учествувајте во распределбата на добивката.  

Состојбата на Вашата полиса може да ја следите преку веб апликација My Cro Account или може да се информирате со јавување во контакт центарот на тел 15510.

За регистрација на веб апликација My Cro Account кликнете овде.

Ви благодариме на укажаната доверба!

Со почит,

Кроациа Осигурување-Живот А.Д.