По повод меѓународниот ден на осигурувањето (1 ноември) Кроациа Осигурување – Живот го наградува најредовниот плаќач за месец ноември.
Повторно ја наградуваме лојалноста на нашите редовни плаќачи подарувајќи незаборавно патување за најсреќниот од нив.
Најсреќниот меѓу редовните плаќачи кој извршил уплата во ноември 2015 година избран преку системско извлекување со зададени критериуми за континуирана редовност во плаќањето ќе биде награден со зимување, 5 дена за двајца во луксузниот хотел Festa Winter Palace, Боровец. Овој пат, среќата и се насмевна на г-ѓа Билјана Н. (полиса бр: 7500).
Изразувајќи и честитки на добитничката Ве потсетуваме дека во декември го избираме најредовниот плаќач за 2015 година.