Осигурувањето на живот е долгорочно решение, кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност како и осигурување.
Овој вид на долгорочно штедење е целосно приспособливо на индивидуалните потреби на клиентите, односно сами одлучувате колку сакате да штедите и сами ја креирате Вашата осигурена сума.
Животното осигурување на своите корисници примарно им гарантира сигурна исплата на сите вложени средства заедно со припишана добивка по истекот на осигурителниот период. И не само тоа. Преку овој инструмент осигуреникот обезбедува финансиска сигурност на најблиското семејство во случај на настанување на несреќен настан со фатални последици (смрт). Ниту еден друг штеден инструмент во себе не содржи ваков дуалитет.
Експертите упатуваат на неклолку начини за одредување на тоа КАКВА ПОЛИСА ЗА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ ВИ Е ПОТРЕБНА или колку треба да изнесува Вашата осигурена сума:
1. ПРЕСМЕТАЈТЕ ЈА ВАШАТА ПОТЕНЦИЈАЛНА ИДНА ЗАРАБОТУВАЧКА:
Пример: Да претпоставиме дека:
- годишно заработувате 6000 евра
- во моментот имате 40 години
- планирате да се пензионирате на 65
6.000,00 х (65-40) = 150.000,00 евра
2. ПРЕСМЕТАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ФИНАНСИСКИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Кои се Вашите финансиски одговорности?
- Дали сте финансиски извор во Вашето семејство?
Пресметајте ги Вашите трошоци:
Вашиот кредит (станбен, потрошувачки, автомобилски..) + Износот на Вашата кредитна картичка + Вашите трошоци за живеење (режиски трошоци, трошоци за храна и обувки)+ трошоци за образование на вашите деца + ....
ВО КОЛКАВА МЕРА ВИЕ УЧЕСТВУВАТЕ ВО ПОКРУВАЊЕТО НА ТИЕ ТРОШОЦИ?
ДАЛИ СТЕ СВЕСНИ ВО КОЛКАВА МЕРА ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО ФИНАНСИСКИ ЗАВИСИ ОД ВАС?
Никој не помислува на најлошото сценарио, но што ќе се случи со вашето семејство ако ве изгубат?
СЕГА ЗНАЕТЕ КОЛКАВА ТРЕБА ДА БИДЕ ВАШАТА ПОЛИСА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ!
Дали некогаш сте си ги поставиле следниве прашања?
- Дали некој финансиски зависи од мене?
- Што ќе се случи ако јас или сопругата не сме утре тука? – Колку приходи ќе изгуби моето семејство? – Ќе може ли семејството да го задржи домот?
- Колку имам заштедено досега?
- Колку пари би сакал да имам кога ќе се пензионирем? – Што би сакал да правам кога ќе се пензионирам? – Ќе постои ли пензиско осигурување кога ќе дојде време за пензионирање?
Ова се прашања на кои САМО ВИЕ можете да одговорите.