Денеска е светскиот ден на штедењето кој се одбележува безмалку деведесет години, од далечната 1924 година кога на првиот меѓународен ден на штедилниците во Милано, Италија токму 31 октомври е прогласен за меѓународен ден на штедењето, кој ја потсетува светската јавност на важноста на штедењето за развој на економијата и поединецот.
Еден од приоритетите на Кроациа Осигурување – Живот е да влијаеме за менување на културолошкиот пристап на граѓаните кон штедењето и подигнување на свеста за потребата од штедење. Постојано превземаме низа акции и проекти со кои се трудиме да влијаеме на поголема финансиска писменост на македоснкиот граѓанин и зголемување на навиката за штедење.
Полисата за животното осигурување е уникатен финансиски производ кој нуди двојна поволност: истовремено осигурување и заштеда. Клиентот сам одлучува колку сака да штеди, односно сам ја креира осигурената сума. Не постои некоја универзална формула која би ги задоволила потребите и желбите на секој клиент, бидејќи нудиме програма која е совршено прилагодлива и секоја полиса претставува единствено решение.
Од аспект на демографските промени и нужност за лична заштеда за пензиските денови, полисата за животно осигурување се наметнува како клучен финансиски производ кој секој би требало да го има. Перманентниот раст на премијата во животно осигурување зборува дека македонскиот граѓанин сè повеќе ја согледува корисноста на полисата за животно осигурување.
Евидентно е дека развојот на животното осигурување во Република Македонија е во фаза на реален подем. Животното осигурување е придвижувач на целиот осигурителен пазар. Со заздравувањето на макроекономските показатели, животните осигурувања би требало да ја превземат водечката позиција во вкупната премија од осигурување.