Изминатиот викенд во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид, се одржа петтиот, јубилеен, едукативен семинар за вработени и соработници во организација на Кроациа Осигурување – Живот АД на тема: Развој, продажба и улога на животното осигурување на македонскиот осигурителен пазар.
Кроациа е компанија која постојано инвестира во надоградба на стручноста и знаењето на своите вработени и соработници, и допринесува за јакнењето и развојот на продажната мрежа.
Токму со таква цел беше овој семинар. Во друштво на вистиснки професионалци, вработените и соработниците имаа можност да го збогатат своето знаење осознавајќи многу нови факти за животното осигурување, пазарот за животно осигурување, како и тајните на продажбата и мотивацијата.
Свое обраќање на едукативниот семинар најпрво имаше Г-динотСтарчевиќ Крешимир, Претседател на Управа во Croatia OsiguranjеАД Загреб, кој го изрази своето задоволство од успешното работење на Кроациа Осигурување – Живот како една од најуспешните подружници на групацијата Croatia Osiguranjе.
Веднаш потоа, свое обраќање имаше Г-ѓа Учета Дузлевска Вилма, Генерален Директор на Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје, која официјално му се заблагодари на својот тим за постигнатиот успех на Компанијата.
Честта први да го пренесат своето знаење и да го отпочнат едукативниот дел на семинарот ја имаа доајените во својата област.
Најпрво тајните на успешната продажба на животното осигурување ги презентираше најдобриот познавач на оваа област во Југоисточна Европа. Човекот кој е Претседател на Одборот за животни осигурувања во Хрватската стопанска комора, Директор на Секторот за животно и лично осигурување во Croatia Osiguranjе АД Загреби Претседател на Одборот на Директори во Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје - Мр. Жељко Јукиќ.
Веднаш потоа, суштината на талент менаџментот ja презентираше дамата која неодамна ја одбрани својата докторка дисертација на Економскиот факултет во Сплит. Коавтор на книгата „Корпоративна сигурност“, Директор за стратешки развој во Croatia Osiguranjе АД. Загреб и воедно член на Одборот на Директори, во Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје Др. Дарија Ивандиќ Видовиќ.
Директорката на секторот за планирање, развој и продажба на животни осигурувања во Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје, Мр. Зорица Поповска низ конкретни статистики и аналитички податоци ја прикажа состојбата на пазарот во Р. Македонија и потенцијалот за неговиот развој.
Следуваше компаративна анализа со која се докажа предноста на животното осигурување во однос на останатите облици на штедење презентирана од страна на Директорката на Секторот за финансии и сметководство во Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје, Мр. Катерина Поповска.
Едукативниот дел од семинарот беше заокружен со презентирање на вештините за самомотивација и лична мотивација од страна на најуспешните тренинг центри во Р. Македонија Тренинг центар SAMERIMPEX-IMPULSI & Center for Business Psychology Systemic & NLP.