Осигурувањето на живот е единствен начин да ја планираме иднината. Овој вид на долгорочно штедење и вложување во сопствено осигурување Ви обезбедува финансиска поддршка во доцните години од животот, како и заштита кога е најпотребно.
Уникатноста на овој производ се состои во неговата штедна и истовремено осигурителна компонента. Животното осигурување е еден вид на инвестиција во сигурна економска иднина.
Она што квалитативно го разликува животното осигурување од другите форми на штедење е интегрираноста на штедната и осигурителната компонента.
Животното осигурување на своите корисници примарно им гарантира сигурна исплата на сите вложени средства заедно со припишана добивка по истекот на осигурителниот период. И не само тоа. Преку овој инструмент осигуреникот обезбедува финансиска сигурност на најблиското семејство во случај на настанување на несреќен настан со фатални последици (смрт). Ниту еден друг штеден инструмент во себе не содржи ваков дуалитет.
ЗОШТО ЛУЃЕТО СКЛУЧУВААТ ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ:
- Создавање капитал за времето кога приходите ќе Ви се намалат, особено по заминувањето во пензија;
- Идната пензија е секогаш помала од заработката;
- Заштита на семејството во случај да го изгубат главниот финансиски извор;
- Ненадејната смрт или тешка болест на носителите на приход во семејството може значајно да го загрози стандардот на живот на сите други членови;
- со осигурување на животот може да се решат многу значајни прашања, школување на деца, стапување во брак, купување на стан, изградба на семејна куќа, или да обезбедите дополнителни сретства за „ деновите на старост “.
ДАЛИ СТЕ СВЕСНИ ВО КОЛКАВА МЕРА ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО ФИНАНСИСКИ ЗАВИСИ ОД ВАС?
ПРЕДНОСТИ НА ЖИВОТНОТО ОСИГУРУВАЊЕ:
- штедење, сигурност и осигурување;
- обезбедувате лична сигурност и сигурност на своето семејство;
- приспособливо на индивидуалните потреби – сами одлучувате колку сакате да штедите;
- полисата за животно осигурување е хартија од вредност;
- Учествувате во распределба на добивката на Кроациа Осигурување – Живот.
Ви нудиме програма која е совршено прилагодлива и секоја полиса претставува единствено решение.
Имајте на ум дека едно лице може да има повеќе полиси за животно осигурување. Со осигурувањето на живот, може да се договори и доплнително осигурување од тешки болни состојби, како и осигурување од последица на нереќен случај.