Довербата и лојалноста која ја добиваме од Вас, за нас претставува огромна одговорност, затоа секојдневно да го унапредуваме квалитет на нашето работење и услугите кои Ви ги овозможуваме. Во насока на постојано подобрување на нашата грижа за корисници, од 01.12.2015 година Кроациа Осигурување – Живот воведува Call Centar – Help desk.
Отсега, скратениот телефонски број 15510 Ви е на располагање за сите потребни информации секој работен ден од 08 – 20 часот.
Нашите оператори се тука да Ви помогнат и навремено да Ве информираат за:
- Вашите уплати на премија по полисата за животно осигурувања
- Вашите доспеани рати за полисата за животно осигурување
- Продажните акции кои ги спроведува Кроациа Осигурување – Живот
- Како до најповолно и најдобро животно осигурување
- Кои наградни програми ги спроведува Кроациа Осигурување – Живот, како и за многу други проблеми и прашања со кои ќе се соочите.
Ви благодариме на довербата и го очекуваме Вашиот повик!