Croatia osiguranje

КАКО ДО ПОТРЕБНИТЕ СРЕДСТВА ЗА НЕГА И ЛЕКУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ТЕШКО БОЛНА СОСТОЈБА?

Објавено на: 20/11/2015

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт на глобално ниво, тие предизвикуваат повеќе смртни случаи отколку сите други причини заедно и ги зафаќа најмногу земјите со низок и среден приход. Во рамките на незаразните болести кардиоваскуларните болести заедно со малигните заболувања се причина за речиси три четвртини за смртноста во Европскиот регион. Проценките покажуваат дека најмалку 80% од сите срцеви болести, срцев удар и малигни заболувања може да се спречат или да се негува заболениот со соодветна и ефикасна терапија.

Денес многу на луѓе преживуваат критични болести (тешко болни состојби) кои не многу одамна биле смртоносни. Борбата со болеста покрај соодветна нега и терапија бара и значајни финансиски средства. Финансиските последици од преживување на овие болести можат да бидат уништувачки по животниот стандард на семејството на заболениот.

Осигурителниот пазар во Р. Македонија веќе располага со осигурување кое овозможува осигурително покритие во случај на тешко болни состојби. Водечката компанија за животно осигурување во земјава, Кроациа Осигурување – Живот, во рамките на ПРЕМИУМ програмата овозможува осигурителна заштита од преживување тешко болни состојби. Осигурителниот надомест на осигуреникот ќе му обезбеди неопходни парични средства за лекување кои не ги покриваат другите осигурувања. 

Тоа се тешки моменти за кои никој не сака да размислува, но во такви моменти секој заслужува ефективен третман и соодветна нега која знае да биде сериозна инвестиција. 

Дополнителното осигурување од тешки болни состојби на Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје овозможува осигурителна заштита при настанување на 12 болести:

  • Исхемична болест на срце
  • Срцев удар
  • Мозочен удар
  • Мултиплекс склероза
  • Паркинсова болест
  • Алцхајмеровата болест

 

  • СИДА
  • Хронично затајување на функцијата на бубрезите
  • Затајување на црн дроб
  • Анкилозантен спонделит
  • Ревматоиден артритис
  • Малигни болести (рак)

Кроациа ја доби мојата доверба пред повеќе од 4 години и сметам дека тоа беше вистинска одлука во вистински момент. Пред извесно време имав некои здравствени потешкотии кои за мене беа вистинско соочување со реалноста дека осигурувањето може да значи финансиска поддршка во моменти кога финансиите треба да ни се последната работа за која размислуваме. Во тие моменти вистинско олеснување ми беше брзата исплата на осигурената сума од страна на Кроациа. Од голема помош ми беше исплатата на паричните средства од осигурувањето за да можам да си овозможам соодветно лекување. Убаво е кога уживаме во убавините кои животот ни ги носи, но треба да се подготвиме и за оние помалку убави моменти.“ вели Весна, осигуреничка на Кроациа Осигурување.

Во продолжение следува предлог пресметка за полиса за животно осигурување која нуди двојна поволност: истовремено осигурување и заштеда. Доколку настане некој од ризиците кои ги покрива, корисникот на осигурувањето ја добива целата осигурена сума. Доколку не настане осигурен случај, осигуреникот ги добива сите средства кои ги вложил зголемени за вкалкулираната камата, но и зголемени за дивидендата, односно добивката која ја припишува компанијата.

Доколку месечно одвојувате 90 евра премија за животно осигурување со дополнително осигурување од тешко болни состојби, тоа би значело:

Осигурена сума за доживување зголемена за припишана добивка

 (исплата по истек на Договорот за осигурување кој е со траење од 10 години)

10,900.00€

Осигурена сума во случај на смрт поради болест

 (траење на осигурувањето 10 години) 

10,000.00 €

Осигурена сума во случај на смрт поради незгода

(траење на осигурувањето 10 години) 

20,000.00€

Осигурена сума во случај на тешко болна состојба

(траење на осигурувањето 10 години) 

10,000.00€