Продажбата на осигурување на живот е дејност која бара целосна посветеност, но истевремено претставува адреналин кој постојано Ви дава волја да продолжите понатаму.
Истражувањата покажуваат дека трите најпопуларни професии во светот се професиите за продажба на недвижен имот, продажба на автомобили и продажба на животни осигурувања.
Стучните соработници за продажба на осигурување на живот се професионални финансиски советници кои се подготвени да одговорат на сите прашања на клиентите и да им помогнат во изборот на вистинскиот продукт. Соработниците активно ги воспоставуваат контактите со нови и со постоечки клиенти, ги презентираат и продаваат осигурителните продукти, исполнувајќи ги продажните планови и напредувајќи во кариерниот план.
Продажбата на полиси за животно осигурување Ви овозможува постојана надоградба на знаење и продажни вештини. Она што ја прави оваа професија поинаква од останатите е постојаниот контакт со луѓе, континуираното зголемување на Вашата мрежа на пријатели и познаници на кои им го нудите Вашиот финансиски совет.
Оваа професија е одлична за оние кои сакаат сами да си го креираат своето работно време, но и за оние кои имаат потреба од дополнителен приход и дополнителен ангажман.
Кроациа Осигурување – Живот е Компанија која пред себе има поставено амбициозни цели за чие остварување има потреба од креативно ориентирани, високо мотивиран и квалификуван кадар, кој со ентузијазам и висока ангажираност ќе ги спроведува и реализира нашите поставени стратешки цели. Јакнењето и развојот на продажната мрежа е една од стратешките определби на Кроациа Осигурување – Живот, бидејќи сме свесни дека амбициозноста на нашата продажна мрежа е континуирана движечка сила и она што постојано нé одржува на врвот.
Со организирање на многу обуки, дообуки, семинари, конференции, тренинзи се развиваат вештините на нашите соработници кои се подготвени за нови предизвици и ориентирани кон остварување на поставените задачи. Во нашиот тим има место за сите оние кои се подготвени да соработуваат во корпоративно единство и се продажно ориентирани.
Дали сакате да дознаете зошто работнотната позиција соработник за продажба на осигурување на живот е една од најплатените професии во светот?
Доколку уживате во комуникацијата со луѓе, отворени сте и срдечни, верувате во себе, истрајни сте и поседувате ентузијазам и посакувате да работите во една од најголемите осигурителни компании, ве повикуваме да се придружите на нашиот успешен тим.