Croatia osiguranje

My CRO Account апликација

Објавено на: 27/05/2015

Во насока на постојана надоградба на нашата „Грижа за корисници“ воведовме апликација која ќе го олесни протоколот на информации до нашите Корисници. Уште еднаш докажуваме дека иновацијата е наша стратешка определба. 

До „My CRO Account“ апликацијата можете да пристапите преку интернет страната apps.cro.mk  и со Ваше регистрирање на истата, од удобноста на Вашите домови можете да дојдете до сите за Вас неопходни информации. 

„My CRO Account“ апликацијата претставува web интегрирано решение кои за нашите Осигуреници овозможува  online следење на состојбата на полисите за осигурување на живот, додека пак за нашите Застапници овозможува следење на нивните активности. 

„My CRO Account“  апликацијата за нашите Осигуреници овозможува следење на:

  • Доспеаност на рати
  • Дата и износ на извршени уплати
  • Вкупно уплатени средства
  • Анализа на припишана добивка
  • Извештај на вложувањата на средствата од капиталот и резервите на Кроациа Осигурување – Живот  

На овој начин постојано ќе бидете во тек со состојбата на Вашата полиса и Вашиот статус како наш Осигуреник.

За нашите Застапници преку „My CRO Account“ апликацијата овозможуваме следење на:

  • Личните остварувања
  • Остварувања на соработниците во структурата
  • Прегледи за провизија
  • Состојба на полиси во однос на платена премија

Олеснете си го начинот преку кој доаѓате до информации и регистрирајте се на „My CRO Account“ апликацијата!

m