„Кроациа Осигурување – Живот АД “ ја продолжува традицијата на Команија која се труди на најмалите да им подари среќно и безгрижно детство и уште посреќна иднина.
Знаејќи дека децата се најголемото богатство, а нивната среќа приоритет за секој родител, во рамките на нашето портфолио беше воведен ексклузивниот производ Детското Штедно Осигурување.
Кроациа Осигурување - Живот со полисата за Детско Штедно Осигурување на Вашите најмили им подарува сигурна иднина, но и можност целото семејство да отпатува во Дизниленд.
Сите деца кои во текот на годината ќе станат наши Осигуреници, стануваат учесници во наградната игра „ Најсреќно дете“ и потенцијални добитници на наградно патување во Дизниленд. Најсреќното од нив по случаен избор го избираме на крајот од годината.
На овој начин „Кроациа Осигурување – Живот АД “, ќе му понуди ексклузивна можност на секој родител да го осигура своето дете и притоа да заштеди за неговата иднина. Дополнително, најмалите ќе ги изненадиме со вредносен ваучер и можност нивната полиса за Детското Штедно Осигурување да стане билет кој ќе ги одведе до местото каде детските фантазии стануваат реалност.