Croatia Osigurаnje – Загреб, најстарата осигурителна компанија во регионот, како и едно од најстарите осигурителни Друштва во Европа, одбележа 129 години успешно работење.
Друштвото е основано на 04.06.1884 година, а во 1990 година прераснува во акционерско друштво каде како доминантен сопственик на акциите се јавува Р. Хрватска.
Групацијата „Croatia Osiguranje“ денес е застапена во Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и на Косово. Во 1905 година за прв пат во своето портфолио го воведува животното осигурување. „Croatia Osiguranje“ е првата осигурителна компанија во Хрватска и регионот која е ISO сертифицирана.
Во 2009 година „Croatia Osiguranje – Загреб“ е прогласена за најуспешна осигурителна компанија во југоисточна Европа, а добитник е и на четири златни и една една кристална куна од страна на Хрватската стопанска комора во категоријата „Најдобар Осигурител“.
Во 2005 година на пазарот во Македонија започна со работа „Кроациа Осигурување – Живот“ Друштво за осигурување на живот, кое е дел од групацијата „Croatia Osiguranje“.
Кроациа Осигурување – Живот е првата компанија со добиена лиценца за продажба на полиси за животно осигурување од страна на Министерството за финансии на Р.Македонија. Во период од осум години компанијата бележи перманентен раст на осигурителната премија за животно осигурување и бројот на склучени договори.
Компанијата во 2012 година успеа да го зголеми и својот пазарен удел на 45% иако на пазарот животно осигурување нудат четири компании, еднакво добри европски брендови. Дури 57% од вкупните продадени полиси за животно осигурување во 2012 година се издадени од Кроациа Осигурување – Живот, што јасно говори дека македонските граѓани во Компанијата препознаваат стратешки партнер во донесувањето на одлуката за долгорочно штедење и сигурност.
Групацијата го продолжи своето проширување на пазарот во Р. Македонија во 2009 година со отворање на Друштво за неживотно осигурување, „Кроација Осигурување - Неживот“, кое успешно делува на македонскиот пазар.