Според неофицијалните прелиминарни податоци, бруто полисираната премија од животни осигурувања минатата година се зголемила за 18% во споредба со 2011 година. Ова го потврдуваат од Кроациа Oсигурување-Живот, компанијата која веќе осум години активно работи на пазарот со животно осигурување.
„Во нашето портфолио од основањето од 2005 година, до сега, имаме вкупно 16 илјади продадени полиси а само минатата година склучивме договори со 4 илјади граѓани. Премијата порасна за 21% во однос на 2011 година и мислиме дека ваквиот раст на премијата ќе биде над растот на премијата на целиот осигурителен пазар. Кроациа Oсигурување -Живот има склучено дури 57% од вкупните полиси за живиотно осигурување лани“, вели Вилма Учета Дузлевска, Генерален Директор на Кроациа Осигурување - Живот.
Осигурителите велат дека иако се уште постои скептичност кај граѓаните, тие полека ги сфаќаат бенефитите од полисата за животно осигурување, дека нуди двојна поволност- истовремено осигурување, но и заштеда.
Во земјава, учеството на премијата за животно осигурување во вкупно остварената премија изнесува од 8%-9%.