31 октомври е светскиот ден на штедењето кој се одбележува речиси деведесет години. Во далечната 1924 година на првиот меѓународен ден на штедилниците во Милано - Италија токму 31 октомври е прогласен за меѓународен ден на штедењето, кој ја потсетува светската јавност на важноста на штедењето за развој на економијата и поединецот.
Еден од приоритетите на Кроациа Осигурување – Живот е да влијае на менување на културолошкиот пристап на граѓаните кон штедењето и подигнување на свеста за потребата од животно осигурување. Водечката компанија за животно осигурување во земјава постојано превзема акции и проекти со кои се труди да влијае на поголема финансиска писменост на македоснкиот граѓанин и зголемување на навиката за штедење.
Полисата за животното осигурување е уникатен финансиски производ кој нуди двојна поволност: истовремено осигурување и заштеда. Клиентот сам одлучува колку сака да штеди, односно сам ја креира осигурената сума. Не постои некоја универзална формула која би ги задоволила потребите и желбите на секој клиент, бидејќи програмата е совршено прилагодлива и секоја полиса претставува единствено решение.
Анализите покажуваат дека денес се почесто македонските граѓани се одлучуваат за штедење преку животно осигурување препознавајќи го како поатрактивна, но и како поисплатлива инвестивција. Животното осигурување е единствен финансиски инструмент кој нуди двојна поволност: долгорочно штедење со истовремено осигурување.
Овој финансиски инструмент на своите корисници примарно им гарантира сигурна исплата на вложените средства заедно со припишана добивка по истекот на осигурителниот период. Односно, доколку не настане осигурен случај, осигуреникот ги добива сите средства кои ги вложил зголемени за вкалкулираната камата која е моментално поголема од каматната стапка на девизните депозити во банките, но и зголемени за дивидендата, односно добивката која ја припишува осигурителната компанија.
Од аспект на демографските промени и нужност за лична заштеда за пензиските денови, полисата за животно осигурување се наметнува како клучен финансиски производ кој секој би требало да го има. Перманентниот раст на премијата во животно осигурување зборува дека македонскиот граѓанин сè повеќе ја согледува корисноста на полисата за животно осигурување.
Кликнете на сликата и учествувајте во Анкетата: „На кој начин Вие штедите?“