Croatia osiguranje

ЕДУКАТИВЕН КАРАВАН ЗА ДЕЦА „ СО КОКО СЕ ДРУЖАМ ЗА БЕЗГРИЖНО ДА ПОРАСНАМ“

Објавено на: 27/10/2015

По повод меѓународниот ден на штедењето (31 октомври) и меѓународниот ден на осигурувањето (1 ноември) Кроациа Осигурување – Живот во соработка со градинките и училиштата, како значајни субјекти во општеството, започна едукативен караван со цел поголема едуцираност на децата за овие теми. 

Проектот  „Со Коко се дружам за безгрижно да пораснам“ подразбира едукативни и креативни работилници кои ќе им овозможат на децата преку дружење и забава да се стекнат со многу нови знаења.

Изразувајќи ги своите ликовни и творечки афинитети, и дружејќи се со заштитниот лик на детското штедно осигурување – крокодилчето Коко, децата ќе учат за штедењето и осигурувањето.

Крокодилчето Коко подготви бројни подароци и изненадувања за сите деца, а најдобрата и најкреативната творба ќе ја награди со подарок Коко полиса за детско штедно осигурување. 

Дополнително, сите деца кои во рамки на проектот ќе станат Коко Осигуреници, стануваат и потенцијални добитници на наградно патување во Дизниленд. Најсреќното од нив по случаен избор го избираме на крајот од годината.

Информирајте се за ексклузивната можност да го осигурате своето дете и притоа да заштедите за неговата иднина преку овој едукативен караван или обратете се на телефонските броеви: 071 242 060 или 02 3215 083 лок. 227, и притоа не заборавајте дека полисата за Коко Детско Штедно Осигурување може да стане билет кој ќе го одведе Вашето семејство на местото каде детските фантазии стануваат реалност.