Почитувани осигуреници и застапници,
Со особено задоволство Ве известуваме дека „My CRO Account“ апликацијата повторно е во функција. Се извинуваме што изминатиот периот од технички причини online апликацијата не беше активна и Ве повикуваме повторно да се регистрирате на истата.
Потсетуваме! „My CRO Account“ апликацијата е наменета за сите наши Осигуреници и Застапници.
До „My CRO Account“ апликацијата можете да пристапите преку интернет страната app.cro.mk и со Ваше регистрирање на истата, од удобноста на Вашите домови можете да дојдете до сите за Вас неопходни информации.
„My CRO Account“ апликацијата за нашите Осигуреници овозможува следење на:
- Доспеаност на рата
- Дата и износ на извршени уплати
- Вкупно уплатени средства
- Анализа на припишана добивка
- Извештај на вложувањата на средствата од капиталот и резервите на Кроациа Осигурување – Живот
На овој начин постојано ќе бидете во тек со состојбата на Вашата полиса и Вашиот статус како наш Осигуреник.
За нашите Застапници преку „My CRO Account“ апликацијата овозможуваме следење на:
- Личните остварувања
- Остварувања на соработниците во структурата
- Прегледи за провизија
- Состојба на полиси во однос на платена премија
Олеснете си го начинот преку кој доаѓате до информации и регистрирајте се на „My CRO Account“ апликацијата!