Croatia osiguranje

ПРОФЕСИЈА НА ИДНИНАТА И ПРОФЕСИЈА ЗА ЕНТУЗИЈАСТИ

Објавено на: 08/10/2015

Продажбата на осигурување на живот е дејност која бара целосна посветеност, но истевремено претставува адреналин кој постојано Ви дава волја да продолжите понатаму.

Истражувањата покажуваат дека трите најпопуларни и најплатени професии во светот се професиите за продажба на животни осигурувања, продажба на недвижен имот и продажба на автомобили.

Продажбата на полиси за животно осигурување Ви овозможува постојана надоградба на знаење и продажни вештини. Она што ја прави оваа професија поинаква од останатите е постојаниот контакт со луѓе, континуираното зголемување на Вашата мрежа на пријатели и познаници на кои им го нудите Вашиот финансиски совет.

Оваа професија е одлична за оние кои сакаат сами да си го креираат своето работно време, но и за оние кои имаат потреба од дополнителен приход и дополнителен ангажман. Продажбата на животно осигурување е една од најдинамичните и најинтересните професии, а истовремено важи и за една од најдобро платените професии во светот.

Да имаш моќ сам да влијаеш на висината на своите промања, да имаш неограничена можност сам да го одредуваш темпото и патот на своите напредувања, да уживаш во продажбата кога со нејзе добро се владее, да стекнеш многу нови деловни соработници и пријатели, сето тоа ја прави оваа професија особено атрактивна.

Експертите ќе кажат дека во продажбата успеваат личности со позитивен став, одлучност, одлични продажни вештини, тимски работници, самомотивирани личности, храбри. Но, исто така ќе кажат дека и најуспешните продавачи не биле родени продавачи, туку се личности кои вложувале во својот професионален развој.

Мечтаете да се занимавате со професија која постојано ќе Ви носи адреналин и секој ден ќе Ви претставува нова возбуда? Посакувате професија со одлична заработка?  Дали сакате да дознаете зошто работнотната позиција соработник за продажба на осигурување на живот е една од  најплатените професии во светот?

Доколку уживате во комуникацијата со луѓе, отворени сте и срдечни, верувате во себе, истрајни сте, поседувате ентузијазам и посакувате да работите во една од најголемите осигурителни компании, Ве повикуваме да се придружите на успешениот тим на водечката компанија за животно осигурување во земјава, Кроациа Осигурување – Живот.  

Кроациа Осигурување – Живот е компанија која пред себе има поставено амбициозни цели за чие остварување има потреба од креативно ориентирани, високо мотивиран и квалификуван кадар, кој со ентузијазам и висока ангажираност ќе ги спроведува и реализира поставените стратешки цели. Јакнењето и развојот на продажната мрежа е една од стратешките определби на Кроациа Осигурување – Живот, амбициозноста на продажната мрежа е континуирана движечка сила која ја одржува компанијата на врвот. Компанијата континуирано организира обуки, дообуки, семинари, конференции и тренинзи за јакнење на својот кадар. 

Ве охрабруваме да си подарите кариерен развој каков заслужувате. Во тимот на Кроациа Осигурување - Живот има место за сите оние кои се зависни од продажниот адреналин и предизвиците кои ги носи продажбата.  

АПЛИЦИРАЈТЕ НА:  z.dimovska@cro.mk   

Сите апликации ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата, се согласувате Вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Кроациа Осигурување Живот АД Скопје - Друштво за осигурување на живот, сè додека не исконтактирате за да ја повлечете вашата согласност. Доколку Вашите квалификации одговараат на потребите на Друштвото, очекувајте да бидете повикани на разговор.