Интервју Г-ѓа Вилма Учета Дузлевска - Генерален Директор на Кроациа Осигурување - Живот
Со годишен раст на премијата од 53,25 отсто и зголемување на добивката од 3% отсто, 2011 година е oцената како најуспешна година во постоењето на Кроациа Осигурување – Живот. Компанијата ги објави ревидираните финансиски извештаи за 2011 година, според кои вкупните приходи остварени во 2011 година изнесуваат 235.578.960,00 денари, додека вкупните расходи 220.851.049,00 денари. Добивката пред оданочување изнесува 14.727.911,00 денари. Компанијата има пазарен удел од 42% во услови на зголемена конкуренција на пазарот на животно осигурување во Македонија.
Како ја оценувате 2011 година од аспект на работењето на Вашата компанија?
Изминатата година, имајќи ги во предвид значителниот раст на премијата, порастот на бројот на нови Осигуреници, но и квалитетниот приход од вложувањата на средствата од капиталот и резервите, е оцената како најуспешна од постоење на Компанијата. Со скоро двојно поголем пораст на премијата во 2011 година во споредба со останатите компании кои нудат животно осигурување во замјава можеме нескромно да забележиме дека Кроациа Осигурување – ЖИВОТ е лидер во продажбата на полиси за животно осигурување на македонскиот пазар. Фактот што дури 52% од вкупните продадени полиси за животно осигурување во 2011 година се издадени од нашата Компанија, што јасно говори дека македонските граѓани не препознаваат како стратешки партнер во донесување на одлуката за долгорочно штедење и сигурност. Компанијата изминатата година успеа да го зголеми и својот пазарен удел на 42% иако на пазарот животно осигурување нудат четири Компании, еднакво добри европски брендови како и нашиот. Но, она што не издвои од останатите, а македонските граѓани го препознаа, е вистинската посветеност кон осигурениците, највисока гарантирана исплата, лидер во иновативност на осигурителниот пазар и квалитетен и праведен систем на решавање на штети. Како резултат на успешното работење Компанијата донесе одлука и за припишување на добивка по полисите за осигурување на живот за 2011 година, и тоа во двојно поголем вкупен износ во споредба со претходните години.
Животното осигурување статистички остварува најголеми стапки на пораст во индустријата. На што се должи тоа?
Развојот на животното осигурување во Република Македонија е во фаза на реален подем. При согледување на причините за ваквата појава, сигурно дека најголем дел треба да ги побараме во недоволната искористеност на потенцијалот за развој на животното осигурување на македонскиот пазар во изминатите години. Клучни фактори за развој претставуваат и зголемената понуда на производи, новите субјеки на пазарот на животно осигурување, но и поставената регулатива од страна на надзорната Агенција. Иако веќе четврта година по ред животното осигурување расте со двоцифрени стапки, учеството во вкупната осигурителна премија изнесува 7,4% што претставува меродавен показател дека најголем дел од пазарот е се уште неискористен.
Кои се придобивките од полисата за животно осигурување?
Полисата за животно осигурување е уникатен финансиски производ кој нуди двојна поволност: истовремено осигурување и заштеда. Доколку настане некој од ризиците кои ги покрива, корисникот на осигурувањето ја добива целата осигурена сума заедно со дотогаш припишаната добивка. Доколку не настане осигурен случај, осигуреникот ги добива сите средства кои ги вложил зголемении за вкалкулирана каматна стапка која е моментално поголема од каматната стапка на девизните депозити во банките, но и зголемени за дивидендата, односно добивката која ја припишуваме секоја година.
Успеа ли поголемата конкуренција со две нови компании за животно осигурување да го размрда пазарот?
Животното осигурување е придвижувач на целиот осигурителен пазар. Со заздравувањето на макроекономските показатели, животните осигурувања би требало да ја превземат водечката позиција во вкупната премија од осигурување. Либерализацијата на пазарот на осигурување кај нас е неопходен услов за развој, но и здраво работење на секторот. Зголемената конкуренција директно влијае на пазарниот удел, цената на производите и активностите на компаниите. Сепак, услов за зголемената конкуренција да ги даде позитивните резултати кои се очекуваат од неа е да биде следена со стабилност на валутата, стабилен раст на БДП, даночни олеснувања при животното осигурување и регулираност на пазарот.
Факт е дека позади нашиот бренд се препознаваат милиони задоволни клиенти, но и 128 години традиција. За нас, како компанија, зголемувањето на конкуренцијата е предизвик, но и поттик да ги потврдиме нашите квалитети пред другите. Животното осигурување не е одлука за еден ден или година. Тоа е догорочна стратешка одлука за финансиска сигурност на осигуреникот и на неговото семејство. Погрешно е доколку со продажбата на полисата за животно осигурување престане комуникацијата со осигуреникот. Кога некој ќе одлучи да Ви даде доверба десет или повеќе години тогаш треба да знаете како да ја оправдате. Помеѓу нашите осигуреници препознатливи сме по современите услуги кои ги нудиме но и по брзата информација, брзата реакција и брзото решавање на штети. Во осигурителниот бизнис не постои рекламна порака или маркетинг кампања која може да даде толку силен ефект како брзо и квалитетно решена штета.
Планирате ли да понудите нови производи за да освоите што повеќе клиенти?
Иновацијата е наша стратешка определба. Иако веруваме дека класичното животно осигурување секогаш ќе го има водечкото место во нашето портфолио, постојано работиме на унапредување на понудата и приближување до преференците на клиентите и потребите на пазарот. Минатата година ја збогативме понудата на Индивидуалното осигурување на живот со нов производ, Кроациа ПРЕМИУМ, кој вклучува покривање на ризик од настанување на тешко болна состојба, односно 12 болести кои не толку одамна биле смртоносни. И оваа година, во месец Мај ќе воведеме нов производ за детско штедно осигурување „КОКО“ кој што ќе биде прилагоден на потребите на македонските граѓани. Новина ќе биде и „Семејниот пакет“ на Кроациа Осигурување – Живот со кој ние како Компанија целосно ќе ја превземеме финансиската грижа за децата се до нивното полнолетство, во случај на настанување на ризици по животот и здравјето на нивните родители. Овој пакет ќе има за цел да ја подигне социјалната свест помеѓу нас како Осигурувач и нашите Осигуреници, бидејќи тие, нивното здравје и нивното семејство ни се најзначајни.