Од моментот на неговото раѓање, човекот е изложен на ризици кои ќе го следат на остатокот од неговиот пат. Каков ќе биде тој пат и колку ќе трае, тоа никој однапред не го знае, но извесно е дека истиот ќе биде разорен од староста, болеста или како последица на некоја незгода.
Со желба животот да го направиме што подолг и поквалитетен секој од нас настојува, повеќе или помалку, да ја планира иднината и очекува, или подобро кажано, посакува животот да му се одвива според тој план. Но, искуството не учи дека настаните не секогаш се одвиваат според нашите очекувања. Причините за тоа се најразлични, некогаш се во нас самите, а некогаш надвор од нас.
Една од причините е нашите планови да се засновани на нереални претпоставки. За жал, оваа причина е многу честа и последиците од таквото планирање, или подобро кажано, живот во облаци, ни се враќа по глава речиси цел живот. Другата причина може да биде условена од непредвидливи настани кои се надвор од наша контрола. Кој од нас помислува, особено додека е млад, дека може да го погоди несреќа? Слободно можеме да кажеме дака такви се малку. Но, за жал, последиците или по нас самите или по оние кои зависат од нас можат да бидат многу тешки. И токму тогаш се јавува потреба од животно осигурување.
Следат неколку ситуации во кои случајните настани можат да предизвикаат парични загуби, односно да создадат потреба од дополнителни парични средства:Осигурувањето на животот е смислено да биде заштита од сериозни финансиски загуби кои можат да бидат последица од настанување на такви неизвесни настани во нашиот живот. Кога се зборува за животно осигурување, треба да се имаат во предвид две работи. Прво, ограничено е на ублажување на оние последици кои можат да се мерат во парични износи. Второ, животното осигурување не ја намалува директно веројатноста од губиток.
- Прерана смрт на помлад хранител на семејството кој зад себе остава незгрижени малолетни деца, сопруга или некоја друга од него зависна личност.
- Недостаток на парични средства наменети за покривање на тековни животни трошоци во поодминато животно доба (пензија).
- Ненадејна или долготрајна болест може да дојде кога најмалку се надеваме, а последица може да биде намалена заработка или пак зголемени финансиски трошоци за покривање на различни здравствени трошоци и трошоци за нега.
Финансиските губитоци или недостатокот на парични средства предизвикани од споменатите настани можат да се ублажат или недоместат преку животно осигурување.
ЗОШТО ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ, А НЕ НЕКОЈА ДРУГА ФОРМА НА ШТЕДЕЊЕ?
Она што квалитативно го разликува животното осигурување од другите форми на штедење е интегрираноста на штедната и осигурителната компонента.
Животното осигурување на своите корисници примарно им гарантира сигурна исплата на сите вложени средства заедно со припишана добивка по истекот на осигурителниот период. И не само тоа. Преку овој инструмент осигуреникот обезбедува финансиска сигурност на најблиското семејство во случај на настанување на несреќен настан со фатални последици (смрт). Ниту еден друг штеден инструмент во себе не содржи ваков дуалитет.